Разно

„Зелената” енергија која најверојатно ја уништува планетата

Од сите можни "зелени" енергетски решенија, сè повеќе се горат дрвја.  Системот кој се колне во заштита на средината, всушност ја уништува планетата. „Зошто се потепавме да рециклираме хартија, со цел да ги спасиме дрвјата, а потоа да ги гориме како пелети?“

Мишел лошо спиел (а ние немоќни да помогнеме)

Оној за кој Ердоган имаше предвидено столче кога Урсула фон дер Лејен мораше да седне на канабе и да чека дали ќе ѝ биде дадено сукало за да прави мантии, сега имал кошмари и му се вртела таа сцена по глава. 

Кој губи од УБИ?

Одвреме- навреме се актуелизира темата за универзлниот основен доход ((Universal basic income – UBI), бесповратна и безусловна парична помош која државата би им ја давала на луѓето секој месец, за да ги покријат основните животни трошоци. Како што опиша новинар на Гардијан, тоа се пари кои ги добиваме не затоа што работиме туку затоа што постоиме. 

Странски служби си бркаат работа

Еден трговски спор помеѓу две канадски фирми се комплицира откако се дознава дека едната фирма ангажира екс-Мосадовци да го дискредитираат судијата кој претходно пресудил против нив. Пробале да се вадат дека не знаеле што во нивно име прават оперативците, но судијата фино ги заќуткал.

Хилари Клинтон и пустелијата на капиталистичкото срце

Идејата дека вакцината е општо добро и треба да биде достапна на сите, се насука на гребенот на капиталистичката алчност. Во ситуација кога сиромаштијата од Третиот свет е осудена со години да умира заради недостапност на вакцини, прочитајте што ја растажува Хилари Клинтон.  

Пендрек си е пендрек

После цели 40 години, тексашките ренџери се откажаа од хипнозата како истражен метод за решавање кривични дела. Не е мал бројот на луѓето кои се во затвори, некои од нив и на смртни казни, на основа на хипнотизирани сведоци. А хипнотизиран човек знае убедливо да лаже, без да е свесен за тоа.

Трамп е жив зијан што беше претседател

За време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, личното богатство на Доналд Трамп доживува стрмоглав пад. Човекот сега тежи 700 милиони долари помалку отколку пред да дојде на функција. Ви текнува ли на некој наш кој не-ко-гаш излегол од политика со помалку пари отколку што влегол? Да, глупости прашуваме.    

Рамковните предизвици на САД

ДНК тест на средовечен белец од Калифорнија покажал дека тој, меѓу другото, има и шест проценти црнечки гени. Сега се бори да се квалификува за субвенции кои им се даваат на бизниси на припадници на малцинствата. 

Руски дипломати на дресина излегле од Северна Кореја

Руски дипломати и нивните семејства ја напуштиле Северна Кореја со железничка количка на рачен погон. Немало друг начин заради мерките донесени поради пандемијата која во земјата, официјално, ја нема.

Во оковите на ковид апсолутизмот

Кога медиуми како Њујорк тајмс почнуваат да пишуваат дека се претерува забраните, хистеријата на маските и хигиенскиот театар, останува само уште Караџовски да верува дека треба да носиме маски надвор затоа што вирусот кмиши по улици а ние го дигаме со нашето одење. Стварно, можно ли е после онолкава медицинска кариера некој да си дозволи да го памтат по така глупа изјава?

Дали и американската химна ќе оди курбан во име на „освестеноста“?

Во една налик излишна вест што беше објавена деновиве се наведува дека НБА тимот Далас Маверикс ќе почне да ја пушта американската химна пред почетокот на секој натпревар. Зошто би било ова вест кога американската химна се пушта од првиот ден на постоење на НБА?

Не, Џордан Питерсон нема шизофренија

Откако не успеаја да го портретираат како екстремист, женомрзец и фашист, онаа врскава менажерија од разбудени љубители на кансел културата, до толку не го можат Питерсон што прибегнаа кон уште еден проверен сталинистички метод, да го направат луд.   

Мирисот на пожарот

Во споредба со неможноста да се диши, неможноста да се мириса се чини како банален спореден симптом на ковид-19. Но, што кога куќата ти ја голта пламен а ти спиеш?

„Балкански шпиун“ дојде во Америка

Во американска паланка пристигнале ентузијасти кои набљудуваат птици. Разбирливо, биле облечени во маскирни, камуфлажни облеки. Локалциве панично се јавувале на полиција пријавувајќи сомнителен собир на домашни терористи.

Зелени жртвени зони и жртвите на зелениот раст

Колонијалната компонента која се крие зад зелените жртвени зони, исто така, се однесува и на начинот на размислување или оправдување од страна на побогатите нации и компаниите одговорни за ваквите операции. Овој став потсетува на оној на колонизаторите, како што се шпанската и британската империја, кои угнетуваат и напаѓаат други народи во име на религијата или цивилизацијата. Тука, „европскиот начин“ на живот на белата раса и верувањата, се сметаат за супериорни во однос на оние на другите народи.

Твитер трајно го отфикари Трамп

Како што нападот на кулите близначки беше искористен како преттекст за повеќедецениска инвазија на Авганистан, како што лажните наводи за хемиското оружје на Садам беа употребени како алиби за окупација на Ирак, се предупредуваше дека безумниот упад во Капитол ќе биде увертира во 'новото нормално' - сеприсутна полиција на мислите и говорот при што моќни приватни компании ќе суспендираат политички неподобни ликови и идеи. Лично Доналд Дамб е најмала секирација.    

Вакцините на Фајзер и Модерна се имуни на тужби

Фајзер и Модерна не можете да ги тужите ако нешто тргне лошо по вакцинирање со нивните вакцини, пишува CNBC и додава: А и од владата не очекувајте дека ќе ви биде нешто компензирано.

Оливер Стоун се вакцинираше со Спутник V

Првиот добитник на Оскар кој се вакцинираше против ковид-19 е Оливер Стоун а вакцината е руска. Филмаџијата ја прими Спутник чија латинска петка Русите ја гледаат како V за Victory (победа). Македонските здравствени власти, во склад со својата бахатост, јавашлук  и фушерај, не ни одговориле на понудата за евентуална набавка на таа вакцина.

13 работи што Трамп правилно ги направи

Дури и некој што гледа телевизија по пет-шест часови на ден пак ќе успее да заврши некоја работа како претседател, е воведот на веројатно првиот позитивен текст што Атлантик го има објавено за Трамп изминативе четири-пет години.

Претстои војна против алгоритмите кои сиромашните ги држат во стапици

Многу важни па и судбински одлуки на државни и приватни инстанци денеска се автоматизирани, осносно препуштени на фазмозните алгоритми. А тие се немилосрдни кон сиромашните или они кои имале некаков кикс во минатото.

Елон Маск ја батали Калифорнија и се пресели во Тексас

Маск не криеше дека подолго време е фрустриран од Калифорнија која ја спореди со спортска екипа која предолго победувала па малку се распекмезила. Сега потврди дека веќе живее во Тексас, држава во која инвестира милијарди долари.

Хоророт на остарените Американци кои уште отплаќаат студентски кредити

Позајмил: 79.000 долари. Досега платил: 190.000 долари. Уште колку должи? Уште 236.000 долари! На свои 59 години, Крис побарал од банката да репреговараат: „Статистички, имам да поживеам уште 15 години. Со вакво темпо, нема да добиете многу... “ Нивната реакција била: „И?“

Американците ќе викаат гости на слава

Славата им е национална и се вика Денот на благодарноста, односно Thanksgiving. Наспроти јасните и конкретни препораки од нивните здравствени авторитети, повеќето од нив годинава планираат да ја прослават како и секогаш, викајќи дома блиски луѓе со кои не живеат заедно.

Кога ќе Париз појдете, полицајци да не сликате

Фотографија која наскоро може најмногу да ве чини во Франција е фотографија од француски полицаец. Казната може да изнесува 45.000 евра.