Органскиот бизнис на еден сенатор

Долгогодишен сенатор од Нигерија, организирал доаѓање на 15 годишно момче од неговата земја во Велика Британија. Единствената причина за организирање транспорт на момчето било  - да му се земат органите, се разбира, без негово знаење. Купувачите се непознати. 

60 годишниот Ике Екверемаду и неговата пет години помлада сопруга Беатрис Нванека се појавија во суд во западен Лондон поради обвиненија за заговор за организирање патување на момче за да му се ожнеат органите.

15 годишната жртва на нивниот план е добар и згрижен од британските служби.

Обвинетите живеат во Нигерија но имаат членови на семејството во Англија.

Екверемаду е адвокат и долгогодишен сенатор во својата земја, уште од 2003 година. Три пати бил и заменик претседател на Сенатот, од 2007 до 2019 година.

Неодамна станал и визитинг професор на англискиот Линколн Универзитет. 

23 јуни 2022 - 22:26