Гуаидо го папаше

Американскиот пулен за Венецуела кого Вашингтон не успеа да го инсталира за прв човек во таа држава (американската политика некогаш е заев ама некогаш е заеб) доживува лоши денови во својата политичка кариера. Човекот кој мислеше дека не може да не успее затоа што зад себе ја има поддршката од Запад, денеска го ќофтаат кај што ќе стигнат.

Неубаво, ама, тоа е.

Да се потсетиме: по реизборот на Николас Мадуро кој Хуан Гуаидо и про-американската опозиција го оспорија, Гуаидо како претседател на венецеуелскиот парламент се прогласи за привремен претседател на државата, додека не се спроведат „фер и демократски“ избори.

Тој статус веднаш му го признаа САД, Велика Британиј, ЕУ и нивните чирлидерки. Унијата во 2021 година го повлече признавањето на неговиот статус како претседател. 

Денес и Ненси Пелоси не може да се сети на него. А и кога ќе ја потсетат дека тој им беше легитимен претседател на Венецуела, го третира како лански снег.

Своевремено, Гуаидо доби силна поддршка и од големата дипломатска фигура Никола Димитров. Во статијата „Исчезвај бе, Димитров“ пишавме:

Ај оној Заев ќе залупа некоја од неговите гигантски зелени, па ќе го удриш на мајтап за со хумор дa се утешиш каков тоа лик ни се паднал. Ама оној Никола - заштитен сведок на странска амбасада - Димитров, тој со никаков хумор не можеш да си го олесниш.

Среде најголемата здравствена и економска криза во која некогаш се нашла државата чија надворешна политика води, тој што? Ја мобилизира дипломатската мрежа? Врти телефони, бара соработки и помош од земји кои би можеле да ни помогнат? Не бре брате, тој се залага за смена на власта во Венецуела.

*********

Види и:

Хибридната војна на ЦИА против Венецуела

На што се сопна Гуаидо?

Оганот во кој изгоре една „хуманитарна“ лага

Војната во прегратка на либералите

Обидот за киднапирање на Мадуро бил парада на неспособност

16 јуни 2022 - 11:56