„Што мислите од каде доаѓаат бебињата? Од некоја магична фабрика? Од продавница?“ иронично праша Илон Маск предупредувајќи дека светот недоволно сериозно го сфаќа овој проблем.
А проблемот, по него, е обратен од она што генерално се мисли, дека нè има премногу луѓе на планетава.
Тој вели дека кога еднаш стапките на прираст ќе тргнат на лошо, работите брз ескалираат. А веќе е тргнато на лошо. Моменталните трендови се негативни а бројот на луѓе не се движи во добра насока.
„Водечки индикатор е Јапонија која само лани изгуби 600.000 луѓе,“ предупредува Маск.
Констатацијата е точна а бројката уште поголема: за само една година Јапонија е помалубројна за 644.000 лица.
Бројот на умрени лани го надминал бројот на родени за 609.000 а и бројот на отселени е поголем од оние кои дошле да живеат во Јапонија за 35.000.
Ова е 11-та последователна година во која Јапонија губи население. Лоша е и возрасната структура на оние кои ги има: луѓето меѓу 15 и 64 години се на рекордно ниско ниво, а постарите од 65 години се на рекордно високо ниво.
„Ако вака продолжи, Јапонија едноставно ќе исчезне,“вели Маск.
Демографски проблем има дури и Кина каде што продолжува да паѓа стапката на раѓање и после укинувањето на долгогодишната политика на имање едно дете. Сега Кинезите може да имаат три, ама ете, нејќат.