Тоблероне ја губат Швајцарија

Чоколадите Тоблероне и натаму се произведуваат екслузивно во Швајцарија, меѓутоа газдите планираат да го шират бизнисот и надвор од земјата. Според швајцарските закони, таа промена си има своја цена.

Тоблероне ќе  ја изгуби гордата ознака дека е швајцарско чоколадо по одлуката да се отвори нова фабрика за правење на чоколадото во Словачка.

Брендот е настанат во 1908 година во семејната фабрика на фамилијата Тоблер во Берн. Оттогаш, триаголнестото чоколадо чиј облик потсетува на швајцарските Алпи се произведува исклучиво во главниот град на Швајцарија.

Актуелните газди не се толку сентиментални. Се работи за американскиот прехрамбен гигант Монделез кои во Словачка веќе прават Милка чоколади.

Во 120 држави во светот, годишно се јадат околу 7 милијарди чокалади Тоблероне. Компанијата Тоблер со децении беше независна за подоцна да се спои со Сукард по што во 1990 година станаа дел од Крафт Фудс за во 2012 да станат дел од Монделез.

Своевремено новите газди на Тоблероне решија да ја намалат стандардната грамажа со неверојатно глупа одлука:

Го проретчија тоблеронето!

па после:

Се враќа оригиналното Тоблероне

 

26 јуни 2022 - 14:30