Светот мора значајно да го зголеми рециклирањето на електронскиот отпад бидејќи рударењето по Земјата за да има материјал за нови гаџети е модел кој не е одржлив.
Една студија проценува дека само во 2021 година, светот фрлил 57 милиони тони електронски отпад.
Британското кралско друштво за хемија порачува дека сега е потребен е глобален напор да се копа по тие планини, наместо по Земјата. Таквата потреба само ја засилија последните гео-стратешки конфликти и пореметувања.
Војната во Украина, на пример доведе до огромен пораст на цената на никелот, клучен елемент во батериите за електрични возила.
Заедно со зголемената побарувачка во услови на пореметени ланци на набавка, тоа придонесе цената на литиумот - уште една клучна компонента во технологијата на батериите - да стане повисока за речиси 500% во периодот меѓу 2021 и 2022 година.
Едноставно, остануваме без некои клучни елементи.
„Нашата потрошувачка на електроника останува високо неодржлива и нè води во ризик да ги исцрпиме елементите кои ни се потребни“, предупредува професор Том Велтон, претседател на Друштвото.
Елементи во смартфоните без кои може да останеме во наредниот период се галиумот, арсенот, среброто, индиумот, итриумот и танталот.