Во 2018 година Доналд Трамп од Боинг нарача нови два Air Force One авиони, вредни 660 милиони долари. Меѓу другото, побара и да се смени надворешниот сино-бел изглед на леталата, дизајн смислен од Џон и Џеки Кенеди во раните 60-ти години.
„Бебешко сино не ни личи,“ изјави своевремено Трамп најавувајќи нова колорна комбинација, од потемно сина, бела и црвена боја. „Ни треба нешто поамериканско,“ викаше балванот.
Сега когнитивно спорниот Џо Бајден ја укинал таа нарачка, враќајќи ги Air Force One на препознатливата комбинација.
Еве ги сега CNN. Според нивните сознанија, потемно сината боја можела да се покаже како проблем за софистицираните електронски системи на авионите, особено оние наменети за безбедна комуникација на авионот со инстанците на земја, дури и во случај на нуклеарен напад. Подетално, потемната боја придонесувала за зголемување на температурите над лимитите на работните стандарди.
„Мене ми се чини дека електронските системи на претседателските авиони па и не се до толку софистицирани ако единствената работа која стои меѓу безбедноста на американскиот претседател и можноста тој да дознае за нуклеарен напад е - нијансата на сината боја,“ вели Џош Курп од Апрокс.
Двата авиона Боинг треба да ги испорача до 2026 година.