Разно

Секој треба да има слобода да мисли како мене

Во глобално истражување на јавното мислење, огромно мнозинство луѓе целосно го поддржуваат слободното мислење и израазување - на оние кои мислаат како нив. Кога во игра ќе се вклучат спротивни гледишта, таквата поддршка нагло опаѓа.

Кога истекува рокот, продолжи го рокот

Бразил има три милиони вакцини Џонсон и Џонсон чиј рок на употреба истекува кон крајот на јуни. Ама, тоа е така само ако ептен се држиш до упатството.

Бесплатен џоинт за вакцина

Вашингтон покрена акција за давање бесплатен џоинт на секој возрасен кој ќе се вакцинира. Може да се одбере и пиво. А наши луѓе ќе се тркалаат по Врања и Белгради заради неспособната клика, опиена од сопствените лаги и надувана од фалбите на своите ботови.

Пратеничко прашање на денот

Конгресмен од Тексас праша дали надлежните служби и институции можат да сторат нешто за да ја сменат орбитата на Земјата и на Месечината, за подобро да се справиме со климатските предизвици. Во неверување што ги прашува, претставник од службите признал дека ќе му требаат дополнителни консултации за одговор а од спротивната партија му рекоа дека ќе ja прашаат Капетан Марвел. 

Германецот ни пиво не остава кај што служел војска

Популарни се легендите дека германската војска се повлекла од овие простори кон крајот на Втората светска војна, оставајќи едно чудо злато закопано по македонските планини и пештери. Тие алкохол не оставаат зад себе, не па злато.

Белгија галантна, го враќа Лумумба

60 години откако го убија и го стoпија во киселина, некогашната колонијална сила Белгија реши да го врати она што останало од легендарниот борец за независност на Конго, Патрис Лумумба. Зборуваме за заб. Еден единствен факинг заб.

ПЦР нобеловецот предупреди на типови како Фаучи уште пред 25 години

Доктор Ентони Фаучи е директор на американскиот институт за алергии и заразни болести цели 35 години (од 2 ноември 1984 година). Во ерата на Трамп стана ѕвезда не само заради функцијата која ја имаше во пандемијата туку и затоа што медиумите го портретираа како витез на науката во борба против самоволието на претседателот. Трамп веќе го нема и на Фаучи брзо му падна медиумскиот имунитет.

Не можеш да им угодиш, па тоа ти е

Шпанската пошта објавила серија поштенски марки со кои сакала да ја промовира расната еднаквост, инклузија, минклузија. Наместо очекуваните ПР бенефити, си закачија скандал на врат.

Стави лажно знаме и насукај се ко господин

Бродовите пренесуваат 90% од светскиот трговски товар и затоа се круцијални за глобалната економија. Но, кога танкерите и големите бродови ќе го отслужат своето па ќе дојде време да се расходуваат, тоа во богати и пристојни земји е скапа операција. Ама затоа има сиромашни и глупи земји.

За да не помислат на класи, с'скај ги со раси

Како либералните елити ја користат расната припадност на работниците за да создадат неединство меѓу нив, за да не им текне дека и да се бели и да се жолти, сите се на трудот црн народ.

Големо самоволие во јапонската железница

Машиновозач на оние ултра брзи јапонски возови е на дисциплинска бидејќи на три минути ја напуштил кабината, поради нужда, формат - голема. Плус, за таа делница го ставил возот на пола брзина. Негов колега од МЖ, ќе отиде по истата нужда, ќе ја обави со придружно скролање по Фејсбук, ќе удри некој лајк, ќе се врати, а луѓе од станицата уште ќе му мафтаат на возот во заминување.

Бил Гејтс го дружел Епстин за Нобелова награда, не за женски

Дружењето меѓу најбогатиот човек на светот и човекот со најбогати и најмоќни пријатели на светот, било во надеж дека овој со врски ќе може да му обезбеди Нобелова награда за мир на овој со сите пари на светот.

Америка, земјата на слободниот избор

Гувернерот на Јужна Каролина потпиша закон по кој осудениците на смртна казна ќе бираат дали да бидат убиени од стрелачки вод или на електрична столица. Чекајте да видите кој мотив стои зад ваквиот благороден гест.

Не е вотка ракија, ама ноќва озрачува

Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.

Може ли 4 годишно девојче да знае дека е машко?

Сторми е 4 годишно девојче од Англија чии родителите веруваат дека е трансџендер момче. Вeруваат така бидејќи самата Сторми искажала уверување дека има машки џинџер идентитет.

Колку точно чини еден високопозициониран шпион?

Иако светот на шпионажата е опасен свет, зачудувачки колку малку се плаќаат тие кодоши. Што би рекол Рамбо Амадеус „не ради курва оно због пара, веќ зато што воли мужа да вара.“

Македонија им е поблиску од Марс!

Кинеските вакцини во Македонија стигнуваат цели две недели пред нивниот ровер да слета на Марс. Малку ли е? Пуштајте ги тоа чирлидерките, да зовријат од радост социјалните мрежи.

Албанија станува почиста од Словенија, не прашувајте за нас

Во најновиот извештај на Светскиот економски форум кој го индексира преминувањето кон чиста енергија, втора најинтересна вест ни е дека Албанија ја претекнала Словенија. Прва: нас нè нема.

Книгите се следното боиште за одбрана на слободниот говор

Периодов е откажано објавувањето на се повеќе книги, и не затоа што владите низ светот нешто посебно ги притискаат издавачите, туку затоа што овие вториве се плашат да не навредат некого.

Фармацијата ги пушти лоби - загарите

Фармацевтската индустрија истура огромни средства во растечката политичка битка против генеричките вакцини. Во САД на терен се истрчани преку 100 лобисти чија работа е да не се дозволи евтина имунизација.

Како американската олигархија го создаде концептот за расата

Прашање: Како богатите бели земјопоседници ги осуетија црните робови и белите слуги и аргати да се обединат во заедничка борба за економска правда?
Одговор: Со тактиката „раздели па владеј“ остварена преку концептот на расата. Создади им чувство на белите слуги дека се супериорни кон робовите заради бојата на кожата и изманипулирај ја белата сиромаштија дека секој ќар за црнците оди на нивна штета.

Докинс е расчинет заради твит. Чисто хуманистички.

На Ричард Докинс му е одземена почесната титула „хуманист на годината“ заради еден твит кој се однесува на транс-лицата а повикува на дискусија околу темата. „Нема што да се дискутира,“ пресудуваат новите хуманисти.

Основачката на БЛМ си купи милионска куќа во бело маало

Ко-основачкатта на Блек Лајвс Метер и самопрогласена „тренирана марксистка“, за 1,4 милиони долари си купила куќа во шик реон во Лос Анџелес во кој живеат претежно богати белци.

Од професорска плата нигде не се живее

40 годишниот Берни Деjл Харис од Северна Каролина водел двоен живот: дење на деца им предавал шпански и ја тренирал школската баскет екипа а ноќе го земал шурата и оделе да пљачкаат мексикански картели.