Њјујорк тајмс пишува за оваа цивилна тема среде војна, на почетокот на зимата која во Украина знае да потрае и до април.
Падот на температурите кои во земјата лесно паѓаат под нулата, Украинците кои живеат во подрачјата зафатени со воени активности го дочекуваат со парампарче прозорци.
Милиони прозорци треба да се заменат, пишува медиумот, објаснувајќи дека најлони и шперплочи не се добра замена: полоша изолација се и депресивни се.
Посебен дел од проблемот е што стаклото во Украина досега доаѓаше главно од Русија и Белорусија.
Локалец во градот Черњихив преброил дека само во неговиот 9 катен стамбен блок, треба да се заменат 496 прозорци.