Со еден потег на „надлежните“, популарната стрип шлајфна е канселирана од 77 американски весници.
„Верувам дека ова беше дел од поголема чистка на стрипови, но, како одлучуваа што ќе остане а што не, тоа не знае никој освен тие самите“, вели авторот на Дилберт обелоденувајќи дека „Дилберт“ веќе нема да биде печатен од Ли Ентерпрајсез, кои поседуваат стотина 100 печатени изданија.
Стрипот постои уште од 1989 година, се шегачи со корпоративната (не)култура, објавуван е во 57 држави и преведуван на 19 јазици. Истиот инспирираше тефтери, календари и слични зезалици, продадени vo преку 20 милиони парчиња.
Во последно време, Адамс се замери со фамозниот ЕСГ индекс кој ги рангира постоечките компании според коректноста на нивните „енвиронментални, социјални и управувачки“ практики. Елон Маск го смета таквиот ранг за тешка превара.
Во последните стрипови Адамс го промовираше ликот Дејв кој е црнец но се идентификува како белец.
- Дејв, треба да ни го дигнеш ЕСГ рејтингот, па те унапредувам во ЦТО. Знам дека ти си црнец кој се идентификува како белец, што не ни помага. Затоа, ќе можеш ли да се идентификуваш како геј?“
- Зависи колку даваш.
- Само носи подобри маици.