Разно

Уметноста ќе здивне од климатските вандали

Еколошките активисти од Just Stop Oil ги прекинуваат уличните блокади на улиците и вандалските протести како фрлањето супа врз „Сончогледите“ на Ван Гог и други уметнички дела. Не се откажувале од револуцијата, само ќе се свртеле кон корпорациите и милијардерите. Повеќето членови се на државна супа, по затвори.

Македонец на Македонец не му верува

Истражувачи регистрираат универзален песимизам, присутен од Финска па до Авганистан, што говори за пандемија на недоверба, од која се хранат политичари, медиуми и социјални мрежи. Во реалниот свет сепак има надеж дека останале чесни луѓе, кои би ви го вратиле новчаникот ако го изгубите. И во Македонија ги има, само што на луѓе не им се верува.

Фајронт за хедонизмот?

Карантинот го запре развојот на генерацијата З. Ги преформатира да претпочитаат ментално и физичко здравје наместо луди забави. Ноќниот живот стивна и се затвораат стотици клубови. Психолози велат дека и тоа не е добро. На луѓето отсекогаш им биле потребни ноќни дружења, пијанки и игранки како вентили за ослободување на дневниот стрес.

Гледајте ЧетГПТ да не ви стане единствен другар

Четботовите се создадени за да ни го олеснат товарот за многу нешта, но човек може да се навлече на нив. Луѓе што немаат широк круг пријатели може да ги доживуваат за единствен другар, со што уште повеќе тонат во спиралата на осаменост. Колку повеќе се на четботот, толку помалку им останува време за реалните социјални врски и не можат да избегаат од друштвото на новиот најдобар другар.

Напстер е жив и се продаде за добри пари

Платформата Напстер ја памтиме како првата самопослуга од која можевме да симнуваме емпетројки бесплатно. Пионерот во дигиталното пиратирање стекна глобална популарност, но банкротираше кога музичарите побараа да им се платат авторските права. Напстер се враќа во нова мисија во универзумот на виртуелната реалност. Со една разлика: Не е повеќе бесплатен.

Кенеди во несмасен поход против смартфони во училниците

Мнозинството Американци се согласуваат со министерот за одбрана Роберт Кенеди дека на смартфоните не им е местото во училниците. Експертите ги прифаќаат мислењата дека телефоните им го одвлекуваат вниманието на децата, но се најдоа погодени од објаснувањето на министерот дека зрачењето од мобилните телефони ги оштетува мозочните клетки и предизвикува канцер.

Компјутерски центри и на небо и на земја

Центрите за складирање и обработка на податоци се тешката артилерија во битката за технолошка доминација. Претседателот Трамп заедно со Опен АИ и Оракл го промовираа гигантскиот проект Старлинк од 100 милијарди долари што ќе се гради во Тексас. Други амбициозно гледаат во небото: центри во орбитата или на Месечината, каде што енергијата е поевтина, а безбедноста поголема.

Монсанто пак го удрија кајшто најмалку го боли

Хербицидот Раундап на Монсанто истребува плевел, но озлогласниот глифосат често предизвикува рак кај луѓето што го користат. Суд од Џорџија нареди агрохемискиот гигант да плати отштета од 2,1 милијарда долари на уште една жртва со не-Хочкинов лимфом. Во долгиот ред за отштета се уште 177.000 пациенти, а Монсанто упорно тврди дека Раундап е безбеден.

Луѓето го поминаа врвот на интелигенцијата пред десетина години

Луѓето порано читаа. Па сурфаа по океанот информации на интернет и комуницираа. Сега дозволуваат да ги носат брановите од бескрајна низа содржини што некој алгоритам им ги сервирал врз основа на проценетите интереси. Затоа не чуди зошто веќе десетина години постојано се намалува способноста на луѓето да расудуваат и да решаваат проблеми.

Прва тужба за Чет ГПТ за клевета

Норвежанец решил да го проба ЧетГПТ на едно од вообичаените его-прашања за „запознавање“. Го прашал што знае за него.  Тоа што го добил го шокирало бидејќи вештачката интелигенција, која очигледно знаела некои податоци за него, го натоварила со сериозни, а невистини обвиненија. Ризиците од користењето на ВИ за чувствителни информации веројатно ќе биде вечна тема.

Вселената е новиот Див Запад

Кога Америка и Русија во екот на Студената војна беа во трка за освојување на вселената имаше некакви правила. Денес со сателитите и вселенските мисии управуваат приватни компании за кои не важат конвенции од пред половина век. Државите не ни помислуваат да воведат ред во вселената, кога им се отворија толку многу проблеми на нашата планета.

Бил Гејтс крева раце од климатските промени

Луѓе веруваа дека супербогатите луѓе, со нивната пи-аровски напумпана добронамерност и огромните богатства кои ги поседуваат, можат многу да помогнат околу глобалната насекираност во врска со климата. И помагаа, поддржуваа, даваа пари, изјави... само што таквите луѓе не забораваат дека нивната главна преокупација сепак се парите.

Укинати 600.000 долари за изучување менструација на трансродови мажи

Во натпреварот за најбизарен пример меѓу проектите финансирани од администрацијата на Џо Бајден, секогаш знае да изненади некој уште полуд. Како на пример, повеќе од половина милион долари за хигиенски влошки од канабис сатива за менструација на трансродови лица.

По половина век под калап, учениците пуштаат коси

Кратката коса значи дисциплина, пресудила хунтата во Тајланд уште во 1975 година и наредила сите ученици да бидат уредно потстрижени. По долга битка со строгите наставници и острите ножици, учениците од Тајланд конечно се изборија за право што се чини толку едноставно - косата да им ги покрие ушите.

Од глупави состаноци се добива мамурлак

Науката потврдува. Лош состанок, без содржина и цел, на кој соговорниците не можат да се разберат или по кој сите повторно си тераат по свое, создаваат главоболка слична на мамурлук, која долго време не може да се истера од главата. Како лек се препорачува муабет со близок колега. 

Програмерска перестројка

Информатичката технологија поминува низ историска трансформација на работната сила. Брзиот развој на вештачката интелигенција го префрли фокусот од програмирање кон бизнис. Работниците и компаниите што не умеат брзо да се прилагодат ризикуваат да бидат прегазени од времето и конкуренцијата.

Милијарда долари за поевтини јајца

Птичјиот грип кој отепа повеќе од 166 милиони кокошки е главниот душман на американската економија. Цената на јајцата се крена толку високо што ресторани веќе наплаќаат „додаток за јајце“. Администрацијата на Доналд Трамп реагира со досега најголемата инвестиција - милијарда долари за одбрана на кокошките од агресивниот вирус.

Туристичка понуда од минатото: Плажите на Марс

Сè уште нема докази дека постоел живот на Марс но, ако постоел, тоа бил убав живот: со океан, плажи, ветре и бранови кои тивко и мрзеливо се преклопуваат за Марсовецот да го фати дремка. Штета што ако некогаш и успееме да стигнеме  таму, ќе стигнеме со мало задоцнување од неколку милијарди години.  

Антитрамп-подкаст го симна Џо Роган од тронот

Подкастот на Џо Роган по долго време повеќе не е прв на топ-листата. На врвот сега се некои нови дечки што објавуваат продемократски вести и вирални видеа против Трамп. Со 48,6 милиони прегледи „Joe Rogan Experience“ останува неверојатно влијателен, но подкастот „MeidasTouch“ на браќата Бен, Брет и Џорди стигна до 56 милиони.

Чувајте трошка емпатија и за луѓето-лами

Социјално непоткованите жители на Северен Јоркшир добија прирачник што им помага како со достоинство, почит и емпатија да им се обраќаат на трансродовите и бинарните лица, но и на разни видови подгрупи, како оние што чекорат на сите четири зашто се чувствуваат како животни. И можеби никој не би имал ништо против прирачникот, ако не бил финансиран од Министерството за финансии на Британија.

Зелената агенда пржи многу пари и премногу птици

Кој порано, кој подоцна, осудени на смрт се сите енергетски проекти што не се рентабилни, а добиваат големи субвенции само поради тоа што се „зелени“. Инвеститори се откажуваат од американски проекти за генерирање струја од ветер и сонце, на задоволство на домаќинствата и бизнисите, чии сметки нема да поскапат до 15 отсто. И на уште поголемо задоволство на птиците.

Кумовите плачат: Нема веќе мафијаши како Дон Корлеоне

Старата гарда сицилијански босови се жалат дека на мафијашите од новата генерација не им е света заклетвата и веднаш се пријавуваат за заштитени сведоци ако бидат приведени. Полиција се фали со рации и апсења, но предупредува дека Коза ностра се реорганизира, купува оружје преку даркнет и регрутира нови војници. А во Палермо се враќаат и старите волци осудени на доживотни робии, но ослободени поради „примерно однесување“. Имало значи надеж.

Не, црепови, слободата на говорот не доведе до холокауст

Иако европските квази-либерални елити главно се шокирани од дрскоста на американскиот потретседател да им каже дека слободата не се брани со замолчување на оние кои мислат поинаку или пак со ставање во карантин на идеите кои некому не одговараат, не се малку и оние кои отворено се гордеат со ограничувањето на слободата како добра работа. Патем се доволно неуки да потегнат и плашење со Хитлер.

Хомер, врати се, сè ти е простено!

Метлата на Одделението за владина ефикасност ги подбра и инженерите од агенцијата за нуклеарна безбедност, за на одделот на Илон Маск отпосле да му стане јасно дека без нив нема кој да се грижи за нуклеарниот арсенал. Сега ги молат инженерите да се вратат на работните места, ама имаат мал проблем: не можат да ги најдат.