Најголем пад на населението забележува покраината Саксонија-Анхалт, каде е регистриран драматичен пад од 26%.
Низ големи делови од поруралниот исток, се очекува понатамошен пад на населението, бидејќи одливот се комбинира со националниот тренд за ниски стапки на наталитет. Само покраината Бранденбург, која го опкружува Берлин и доживува прелевање од главниот град, е спротивна на трендот.

Ваквата демографска промена може да помогне во зголемувањето на поддршката за десничарската Алтернатива за Германија и тоа најмногу во спомнатата Саксонија-Анхалт.
Источна Германија на времето се потпираше на централно планирана државна економија, строга медиумска цензура, тајната полиција Штази... Но, истовремено обезбедуваше субвензионирано домување, дарежлива поддршка за грижа за деца и гарантирано вработување.
Брзиот процес на приватизација беше брутален и доведе до масовна невработеност. Стапките на на наталитет нагло паднаа во два главни брана. Првиот веднаш по падот на ѕидот, вториот достигна врв во почетокот на овој век.
Тој втор бран беше „помал по обем, но не помалку значаен бидејќи беше многу селективен“, објаснува д-р Катја Саломо, социолог на Универзитетот во Касел, која пораснала во рурален дел од источна Германија. „Младите луѓе, високообразованите луѓе, а особено жените, беа посклони да заминат“.
35 години по обединувањето, истокот на Германија се соочува со поизразен недостиг на млади луѓе и квалификувани работници отколку западот.
Како и со празни градинки.
Најновите бројки покажуваат дека жените без германско државјанство имаат повеќе деца (1,84) од германските државјани (1,23), но, обете се под „стапката на замена“ од 2,1; ниво на кое населението останува стабилно од една генерација до друга.