Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Британци добиваат наредби да ги отстранат клима уредите од своите домови  и покрај тоа што земјата деновиве се загрева и до 40 степени Целзиусови. Сето тоа е дел од владината програма за намалување на емисиите на нето-нула.

Службеници за планирање во советите имаат задача да им дадат до знаење на жителите дека клима уредот треба да служи само како „крајно средство“. Тоа доаѓа од прописите кои бараат „активното ладење“ да се користи само откако ќе се исцрпат сите методи на „пасивно ладење“, како што се отворање прозорци или вклучување вентилатори.

Во Британија во повеќето случаи не е потребна согласност од општинските планери за климатизирање на објектите. Но, дозволата станува задолжителна во специфични сценарија, вклучително имоти во заштитени зони - со посебни прописи што важат за станови, имоти под закуп и заеднички згради.

Тоа создава ситуации кога луѓе мислат дека не прават ништо забрането и нелегално, сè додека на врата не им тропнат локалните власти загрижени за јаглерод диоксидот. 

Лондончанец добил наредби „трајно да отстрани“ две единици за ладење од задниот дел на својот имот, бидејќи инспекторите за планирање утврдиле дека „нема оправданост“ за опремата и дека таа ја прекршува политиката за „хиерархија на ладење“.

26 јуни 2026 - 08:09