Според нов извештај од „Паблик Ситизен“, на 14 од 27-те познати донатори забележале видлив раст на нивните бизниси со државата откако дале донации. Само во последните шест месеци, добиле договори со вкупна вредност од 50 милијарди долари.
„Овие гигантски корпорации не го финансираат фијаското на Трамп зашто имаат меко срце“, изјавил за „Вашингтон пост“ Џон Голингер, застапник за јавна политика во „Паблик Ситизен“ и автор на извештајот. „Тие имаат огромни интереси од федералната влада и се надеваат на наклонетост и поволен третман од администрацијата на Трамп.“
Од познатите донатори, одбранбениот гигант „Локхид Мартин“ доби најмногу нови бизниси, приближно 43,8 милијарди долари во нови или проширени владини договори. Следат „Буз Ален Хамилтон“ и „Палантир“.
Според извештајот, во последните пет ипол години, 19 од 27 познати корпоративни донатори добиле договори во вкупен износ од 338 милијарди долари.
Најновиот извештај се фокусира на владини договори доделени на познати донатори откако беше срушено Источното крило. Се надоврзува на извештајот од ноември, кој откри дека познати донатори добиле владини договори во вредност од 279 милијарди долари.
Кога проектот за салата беш објавен лани во јули, цената беше 200 милиојни долари. Сега се оперира со цифра од 400 милиони.
Проектот продолжува да се соочува со правни и политички предизвици. Федерален судија нареди стопирање на изградбата додека не се добие зелено светло од Конгреесот но подоцна се доби дозвола додека случајот е во процедура. Апелацискиот суд моментално го разгледува предметот.
Дури и републиканците во Сенатот неодамна ги отфрлија плановите за дополнителна една милијарда за трошење а демократите од почеток се спротивставија на балската сала, сметајќи ја за неуставна, нелегална и проект на суетата на Трамп.