Мислења

Либералите треба да бидат гневни заради забраната на Калин Георгеску

Што се случи со онаа идеја дека кога се соочуваме со непријателите на демократијата, треба да се бориме против нивните идеи, но подеднакво и за нивното право да ги изразат? Умре со срамна смрт пред неколку дена, кога Изборното биро на Романија, со целосна поддршка на либералниот естаблишмент на ЕУ, му забрани на кандидатот на екстремната десница Калин Георгеску да се кандидира за претседател.

Како глобалистите си го ископаа сопствениот гроб

Доналд Трамп не го урна либералниот меѓународен поредок во кој доминираат САД. Тој всушност реагира на смртниот грч и чека да ги направи последните обреди. Што и да се случи, либералниот светски поредок исчезна - и не се враќа. Прашањето сега е што би можело да го замени?

Војници на терен во Украина? Стармер, ај олабави

Британскиот премиер Кир Стармер се чини страда од воена грандиозност, но никаква доза на ароганција не може волшебно да создаде сериозна воена сила.  Учебничкарски пример за лидер без кормило, непопуларен дома а грандиозен на светската сцена заради ПР поени. Најавите за „војска на терен“ не се ништо друго освен позирање што не им носи ништо добро ниту на Британија ниту на Украина.

Џефри Сакс: Упатство за разбирање на Украина

Европскиот парламент доби професорска лекција за генезата на војната во Украина, уште од 1991 година. Од човекот чии насоки и упатства го обликуваа постсоветскиот простор, советник на Горбачов и Елцин. А, што вели Џефри Сакс? Украина е жртва на американското фрлање коцки и мрдање војници во играта „Ризик“ на реалната карта на светот.

Шолц и Мерц ги скрија трошоците за одбрана под тепих

Со фокусирање кон миграцијата, главните кандидати за канцелар на Германија самите ја префрлија предизборната дебата на теренот на екстремната десница и така ѝ го билдаа рејтингот. Но, и тоа е подобро отколку на гласачите да им ја откријат скриената економска темпирана бомба поврзана со воените трошоци кои допрва може да им затребаат.

Украина не ја започна војната, ама, ја испровоцира

Русија или Кина да пробаа да инсталираат ракетни системи на јужната граница на САД кои би можеле да го погодат Вашингтон или да организираа државен удар за да инсталираат марионетски водач во Мексико Сити, американската војска веднаш ќе испратеше Б-52 да спржи сè од Тихуана до Теотихуакан. А токму тоа се очекуваше да го прифати Русија. Еретичката изјава на Трамп им ги отвори очите на Американците.

Политиките на европските елити завршуваат со солзи

Европската политичка елита што своевремено во Обединетите нации им се смееше на критиките од Трамп, сега плаче и остана без збор кога во Минхен го слушна Џеј Ди Венс дека Европа, фонтаната на креативноста до раниот 20 век, се задушува во пререгулација, го ограничува говорот и не издвојува доволно пари за одбрана. Одамна завршија трите славни децении по Маршаловиот план. Америка се сврте кон Азија.

Ил Дуче, дер Фирер, Д Доналд

„Споредбата е толку апсурдна што практично самата се обезвреднува“, кажа уредникот на Спајкд, Том Слејтер, во говорот на Кембриџ Унион. Вели дека му е жал за оние кои во сè сакаат да видат фашизам и секој кој не се согласува со нив да го споредуваат со Хитлер. Како ли ноќе заспиваат тие луѓе?

Украина беше предадена долго време пред Трамп

Пред руската инвазија, западните лидери преку НАТО ефективно провоцираа војна, која не сакаа да ја водат. А, откако војната почна, ѝ помагаа на Украина да се бори за иднина што тие одбиваат да ѝ ја обезбедат. Тоа беше најлошиот од сите можни светови за Украина. Трамп сега го пресече овој Гордиев јазол на најбрутален начин, но само гласно го кажа она што молчешкум беше пристап на Запад кон Украина подолго време.

Економскиот мастерплан на Трамп воопшто не е наивен

Доналд Трамп одамна стравува дека доминантноста на Америка е минлива и дека доларот, кој се смета за нејзино најголемо оружје, може во еден момент да се претвори во преголем товар. Царините се само прва фаза во неговиот план за целосно рекомпонирање на економскиот поредок. А тој многу подобро разбира како функционира светот и парите од неговите критичари.  

„Свињите“ ќе ја решаваат иднината на Европа

Иако илјадници години југот на Европа беше супериорен и надмен кон она што се случува на ладниот север, последните децении на него во ЕУ се гледаше како на сомнителна периферија која допрва треба да докажува дека ја „заслужува“ довербата од побогатите земји од северот. Веќе не е така, и економски и стратешки. На дело е одмазда на Медитеранот, пишува во Фајншенел Тајмс.

ТикТок како опиум за народот

Со илјадници години, луѓето ги потчинуваа своите непријатели со нанесување пекол, болка и и беда. Но, со текот на времето се развиваа и други методи за контрола. Се откри дека и задоволството може да биде оружје и да го онеспособи непријателот така што ќе го анестезира и оглупи. И ете ги социјалните мрежи како оружје за масовно утупување.

Рачак: Анатомија на една измама на ЦИА

Минаа 25 години од „масакрот во Рачак“ (Косово), настан кој преку ноќ ја смени перцепцијата на западната јавност во посакуван правец на Вашингтон и НАТО и ја постави сцената за подоцнежното  бомбардирање на Југославија, без дозвола од ОН. Истражувачкиот новинар Кит Кларенберг прави екстензивна реконструкција на тие настани за да не се заборави и за да не можат до бескрај да ја повторуваат истата скрипта. Го пренесуваме во целост.

Левицата имаше сè во рака и сепак ја изгуби културолошката војна

Не мораа да бидат владеачки партии но успеваа да ја наметнат својата агенда на сите политички играчи. Родова идеологија, ковид, миграција, диверзификација... секој свој наратив го претворија во догма која не дозволува преиспитување. Како можеа да помислат дека тоа ќе мине туку така? Дека народот ќе каже, стварно, слободата е страшна, ни треба цензура?

Моралниот банкрот на Запад

Професорот од Чикашкиот универзитет кој го напиша текстот „Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?“ и предупреди дека ако Украина продолжи по паметот на Запад, земјата ќе биде здробена, на крајот на 2024 година се  осврнува на една друга актуелна тема за која морничаво се молчи: Палестинците, Појасот Газа и она што таму го прави Израел.

Дилетантските потези на Зеленски доаѓаат за наплата

Битките се добиваат на тактичко и оперативно ниво. Меѓутоа, победите и поразите во војните секогаш се последица на добри или погрешни потези на стратешко ниво. „Без сериозни промени во начинот на водењето на државата, никаква странска помош нема да ја спаси Украина“, оценува за хрватски Телеграм, воениот коментатор и пилот, Горан Реџеповиќ.

Непријателот на мојот непријател е Роберт Ф. Кенеди

„Сите тие - бирократите за јавно здравје, лажните научници кои цицаат пари од грантови, фармацевтската и прехранбената индустрија - мора да бидат казнети, а Роберт Ф. Кeнеди е човекот што ќе го направи тоа“, пишува Ен Култер, потсетувајќи на досега направените штети поврзани со ковидот, кикириките, операциите за промена на пол кај децата... 

Тиранијата на кенкачите

Порано, кога некои ќе изгубеа на избори, ќе се ракуваа со победниците или барем ќе им речеа „ќе видите колку имате погрешено“. Во меѓувреме стасаа некои нови модели на луѓе кои за сенешто срцето им е скршено, сенешто некоја вест ги направила парампарче, врескаат и се трескаат (за да го објават тоа на ТикТок). Најобразованите, како и секогаш, се најглупи.

Како Америка стана „неоптоварена“ од Камала и демократите

Доналд Трамп само што ја победи Камала Харис и покрај огромните препреки што беа против него. Преживеа два обида за атентат, ја издржа владината војна против него и не само што доби и повеќе од потребно електори за да се врати во Белата куќа, туку победи и во тн. „народно гласање“, иако меинстрим медиумите целосно го поддржуваа неговиот противник. Можеби и баш затоа.

Рабудените се Ахилова петица на Камала

Иако финансиски се исплати да бидат сојузници (собраа милијарда долари за кампањата на Хилари) и се неверојатно бучни и активни, прогресивците не само што немаат импресивна бројка (околу 8% од електоратот) и не само што имаат ставови различни од мнозинството Американци, туку и ги оддалечуваат другите за да нејќат да бидат во ист табор со нив.

Има ли Трамп причина да стравува од изборна измама?

„Изборната кражба никогаш не била полесна,“ вели автор кој потсетува како изборните правила и процедури беа менувани за да се отежне докажувањето на нерегуларните гласови. Америка секогаш гледала на одложувањето на изборните резултати како сигнал за политичка дубара, ама, кога се работи за некаде во странство. Во САД, гласачите уште сега се инструираат да не чекаат резултати веднаш.   

Ќе ја наследи ли БРИКС оваа планета?

Запад не може да го спречи одењето кон мултиполарност. Колку повеќе ќе притиска и ќе продолжи со политиката на санкции во која главното средство за дисциплинирање ќе биде доларот, толку поупорно остатокот од светот ќе бара алтернатива. Но, историјата нè учи дека моќните и големите никогаш не се предавале туку така. Одиме ли кон Третиот голем русвај?

Кина победува а на Запад не му текнува да се преиспита

На Запад често знае да се кука дека додека тие и нивните економии крварат сè во име на планетата и пожртвувано ги намалуваат штетните емисии, Кина продолжува без еко- кочници и затоа победува на сите полиња. Заклучокот е добар ама објаснувањето можеби и не баш. Можеби се работи за тоа што историскиот модел на хегемонија на кој навикнаа станува неодржлив. А Германија е најглупа.

Што е разликата меѓу жртвите во Мариопол и Газа?

Коментаторот на Јутарњи вели дека нема битна разлика меѓу она што го правеа Русите во Мариопол и она што Израел го прави во Газа а од скоро и во Либан. Освен можеби една - жртвите во Мариопол барем добија статус на праведници, додека оние во Газа се обична статистика. Замислете Русија деновиве да го уништуваше Киев и да потепаше 700 цивили. Ќе беше пиштење- вриштење по цел Запад.