Кроток Пекинг и од Украина и од Русија цица

Во однос на војната во Украина, Кина има позиција на „активна неутралност“.  Тоа значи дека активно ги помага и двете страни. Украина врши мега набавки на делови за дронови од Кина (со европски пари) додека Пекинг купува огромни количини на руска нафта по ниски цени, што е огромна причина за одржување на кинескиот економски раст.

Анализа на летната исплата на ЕУ од првата милијарда евра за Украина за набавка на беспилотни летала од 6-те милијарди евра ветени за оваа програма открива „непријатна зависност“ од Кина, пишуваше Радио Слободна Европа. 

На Украина ѝ се дозволува да купува кинески делови со овие пари, што повлекува незгодни заклучоци дека „ЕУ ѝ плаќа на Кина да се убиваат Руси.“

Иако Киев го намали купувањето на готови дронови од Кина, компоненти како што се мотори, литиумски батерии и оптички кабли сè уште се купуваат на големо. Речиси 40 проценти од вредноста за компонентите за дронови увезени во Украина завршуваат во Кина. 

Пекинг останува најголемиот трговски партнер на Киев, додека Украина е клучен снабдувач на земјоделски производи за Кина.

„Тоа е точно и тоа е една од причините зошто Кина нема да ја исклучи Украина од продажбата поврзана со дронови, но има и нешто повеќе од тоа“, пишува американскиот аналитичар кој работи во Москва, Андреј Корибко.

Иако кинеско-руските врски се подобри од кога било во историјата, уште пред три години постојат сомневања дека „Кина не сака никој да победи во Украина“, можеби и затоа што богатата со ресурси Русија би можела да стане непропорционално зависна од Кина, што би довело до тоа Москва да го продава своето природно богатство на Пекинг по ниски цени.

Кина истовремено одигра незаменлива улога во снабдувањето на Украина со беспилотни летала, делови и оптички влакна, додека истовремено беше незаменлив вентил за санкциите за Русија. Украина да држи воено-технички чекор со Русија, руската економија ја избегнува кризата што Западот сакаше да ја наметне а Кина ја одржува својата „активна неутралност“.

Кинеското активно помагање ја прави неутрална во смисла на тоа да не зазема ниту една страна. Финансиски профитира од купувањата на Украина поврзани со дронови а нејзината економија продолжува да расте поради големиот увоз на руска енергија со висок попуст.

„Оваа политика, без разлика што некој би можел да помисли за нејзините предности, несомнено придонесе за продолжување на конфликтот, пишува Корибко со порака дека Русија треба да се обиде да ја натера Кина конечно да прекине да флертува со Украина.

8 септември 2026 - 18:24