Целта на транс-јадранскиот гасовод е да обезбедува руски гас „за секое ќоше на ЕУ“ и како таков неговата изградба ќе биде платена 4,5 милијарди евра. Како ретко кога проблем за завршување на проектот не се пари, туку маслинки.
Само до сега потрошувачката во Англија е 800 милиони фунти поголема отколку за време на Светското првенство 2014 кога англиската репрезентација не успеа да ги мине групите на Мундијалот, а имаат пројдено само осмина-финале.
Ако има нешто подобро од тоа да си најбогат човек на светот, тогаш тоа е да си најбогато семејство на светот. И не во некоја преносна смисла, туку во конкретна милијардерска.
Во 2012 Фејсбук го купува Инстаграм и за апликацијата со 13 вработени плаќа незамисливи 1 милијарда долари. Ќе излезе дека во следните години ова нема да биде ни приближно најголемата инвестиција на Фејсбук, ама неспорно најпрофитабилната.
Една од стратегиите што веќе се разгледува од најбогатите држави на светот е наместо да си вадат очи со САД откако Трамп почна да се расфрла со тарифи, директно да удрат по личните компании и бизнис интереси на американскиот претседател.
Откако доцна вечерта во неделата Маск во меил им соопшти на вработените дека фатиле вработен кој сето ова време го саботирал производството во фабриката, во средата Тесла поднесе тужба против поранешниот техничар од Гигафактори, Марти Трип.
Неименуван вработен направил „прилично обемна саботажа во работењето“ на главната фабриката на Тесла за производство на автомобилите, објавил Маск во меил до вработените.
Одлуката на Трамп да воведе нови давачки за кинески призводи вредни 50 милијарди долари, беше дочекана со идентична одлука на кинеската влада, и нешто поговорки од кинеските медиуми.
Бајер го купува Монсанто и отворено најави дека како нов сопственик, веднаш ќе му го укине името. Во овој случај барем ја знаеме цената на операцијата.
По некое ново редефинирање значителен број луѓе не мислат само на пари, за кои некоја почетна разумна граница е неколку милиони долари, кога зборуваат за богатство.
Слејт 90 е список на 10-те најголеми непрофитни организации по приходи во секој од деветте различни непрофитни сектори што ги одредува американското УЈП. Парите што се донираат во непрофитни организации се еден од начините за ослободување од данок, односно пари кои инаку (по правило) би требало да завршат во буџетот на земјата.
За да бидеш во најбогатите 1% во САД потребно е да живееш во домаќинство кое има приходи од над 430.000 долари годишно, и заради недостижноста тоа и не е некоја метрика која нè потресува. Проблемот е со најсиромашните, кои пак изгледаат далеку.
Од продажба на кафе, како Нескафе и Неспресо, Нестле годишно има приходи од околу 2 милијарди долари, со зделката со Старбакс ова треба значително да порасне.
Германскиот автомобилски гигант ги израдува набавувачите на батерии за електрични автомобили со чек од 48 милијарди долари. Отприлика колку што на денешен ден чини компанијата на Елон Маск.
Иако никој не ја оспорува генијалноста на Елон Маск, на тие што се занимаваат со финансии комплетно не им е јасно што и како тој размислува на тема пари во време кога Тесла губи по 6.500 долари на минута.
Првични инвеститори во Амазон се групата составена од роднини и пријатели на Безос од кои секој, пред повеќе од 20 години, му дава по 50 илјади долари во замена за 1% од компанијата.
Компанијата вреди 740 милијарди долари и располага со интимно познавање на своите потрошувачи, два фактори што Амазон го прават кошмар за секоја индустрија во која ќе реши да влезе.
На една страна е упорна светска сила од 1,4 милијарди луѓе за која ни еднаш до сега немаме слушнато дека се жали за пари, на друга страна се 1,2 милиони островски Грци со исти монетарни навики како овие копнените.
Во 2016 две-третини од профитите што американските мултинационални компании ги имаат направено вон САД се наоѓаат во 6 држави, за кои е карактеристично што имаат ниски или непостоечки даночни стапки. По многу зборување околу ова и протекување на документи за оф-шор компании, последниот обид за прибирање на овие даноци во САД е да им се даде повластена даночна стапка.
Пред воопшто да можат да тргнат во својата борба против воведување целосно безготовинско општество, активистите за оваа кауза прво треба да го решат проблемот како да мобилизираш народ во Шведска кога сите и веруваат на која било влада што ќе дојде.