Фондот е создаден за Норвешка да има каде да го инвестира вишокот од нафтените приходи, а минатогодишниот успех се должи на „невообичаено“ силните берзи, посебно на акциите. Фондот инвестираше 67% од своите пари во акции, за минатата година ова да го крене на 70%.
Се проценува дека норвешкиот фонд моментално поседува 1,4 проценти од сите акции (на берза) во светот.
Одлуката за зголемување на уделот е донесена сред „блокбастер годината“ за светските берзи, кои ја имаа најдобрата година од 2009.
Норвешкиот нафтен фонд има инвестирано во 9.146 компании низ светот, меѓутоа најголемиот раст дојде од Епл, каде Норвежаните поседуваат 0,9% од акциите, удел со пазарна вредност од над 8 милијарди долари. Минатата година акциите на Епл пораснаа за 46%.
Следна на списокот по придонес кон норвешкото богатство е кинеската компанија Тенсент, а на трето место е Микрософт. Норвежаните најлошо минаа со својата инвестиција во Генерал електрикс, Ексон мобил и израелската Тева фармасутикалс.
Норвежаните моментално имаат заработено повеќе од пари од инвестиции, отколку што имаат ставено во фондот. Кумулативниот доход на фондот од неговото основање во 1997 изнесува 525 милијарди долари, за истиот период Норвежаните во фондот имаат инвестирано 422,6 милијарди долари од вишокот приходи од нафта и гас.