Купувањето на компанијата Ринг е втората по големина аквизиција во историјата на Амазон, со што тој доби компанија која веќе е сериозно распространета во САД и Европа.
Најпопуларниот производ на Ринг се ѕвончињата за врата опремени со камера и сите придружни „смарт“ додатоци, како сензори, испраќање нотификации, поврзаност со апликации за мобилен и слично. Освен тоа Ринг има посебна линија на видео камери за надзор, сензори и безбедносни системи за надвор/внатре, и сето тоа исто така смарт, врзано на интернет и апликација.
Иако со купувањето Амазон „на готово“ влегува во индустријата за домашен надзор и безбедност, тоа одлично се совпаѓа и со новата услуга на Амазон „клуч сервисот“ преку кој купувачите го оставаат својот дом отклучен (со помош на „паметна брава“) за куририте на он-лајн продавницата да можат нарачката да ја остават внатре во куќата / станот, наместо пред врата, за да се избегне кражба.
Трета придобивка од спојувањето е што паметниот систем на Ринг најверојатно ќе се адаптира и вклучи во серијата домашни помошници на Амазон, Ехо шоу и Ехо спот, а веќе на втората генерација од Ринг видео ѕвончето се интегрира Алекса на Амазон.
До сега, најголема аквизиција на Амазон беше купувањето на синџирот супермаркети за здрава храна Хол фудс, за 13,7 милијарди долари.
Рецензија на Амазон клуч сервисот: