Џон Томсон, кој инаку важи за инвеститор што редовно ја надигрува берзата, во редовниот извештај до инвеститорите ни најмалку не е наклонет кон производителот на електрични автомобили.
„Мислам дека Тесла ќе крахира во следните 3 до 6 месеци... делумно заради нивната некомпетентност во производството и испораката на Модел 3, делумно заради се помалата побарувачка на Модел Ес и Икс, делумно заради екстремно високата проценетост на компанијата, делумно заради ужасната состојба на финансиите кои итно ќе имаат потреба од огромно подигање на капитал, делумно заради веројатното намалување на нивниот кредитен рејтинг од Муди од Б- на ЦЦЦ што најверојатно ќе ги исплаши добавувачите на делови да почнат да бараат плаќање при испорака, делумно заради намалениот апетит на пазарот за ризикување, делумно заради нашите сомнежи за некоректни сметководствени практики.
...
Тесла, без никаков сомнеж е на раб од банкрот.
Компанијата нема да може да ги преживее следните 12 месеци без пристап до свеж капитал од Вол стрит или од приватни инвеститори.
Проценуваме дека на Тесла ќе и требаат околу 8 милијарди долари во следните 18 месеци за да ги финансира загубите во работењето, капиталните трошоци и долговите кои треба да се вратат.
Сепак, изгледа дека заради претходните и сегашни истраги на Комисијата за хартии од вредност (СЕК) најверојатно ќе биде отежнат пристапот на Тесла до јавните пазари на капитал.
Според една неодамнешна анализа, СЕК во изминатите 5 години имале 85 барања до Тесла за дополнителни информации. За споредба во истиот период до Форд имало нула вакви барања. Ова значи дека Тесла турка многу, многу граници.
Кога компнија е под официјална истрага, многу е тешко, ако не и невозможно за нејзе, да подигне капитал од јавни пазари бидејќи овие истраги мора да бидат јавни, што генерално прави дупка во вредноста на компанијата.
Затоа инвеститорите во Тесла подобро да се надеваат дека има значителен број на 'големи будали' во Кина или на некое друго место, за компанијата да остане способна.
Во еден момент музиката ќе запре а нема многу слободни столчиња,“ пишува Томсон.
Наспроти ова, еден од аргументите во одбрана на Тесла е дека Елон Маск моментално е далеку повеќе сконцетнриран на Спејс икс и на исполнување на милијарди долари вредните договори што ги има со НАСА, и дека по нивното исполнување тој ќе се врати во компнијата.
Отсуството на Маск е наведено и во финансискиот извештај на компнијата за четвртиот квартал од 2017, во кој пишува дека тој „не го посветува целото свое време и внимание на Тесла.