РСА (The Royal Society for the encouragement of the Arts, Manufactures and Commerce) смета дека владата треба да ја финансира работната сила на земјата за да ја надминат транзицијата што се случува на работните места.
Парите треба да помогнат британскиот граѓанин да се снајде низ 2020-те, „во време кога автоматизацијата презема голем број работни места, се случуваат климатски промени а се повеќе луѓе приходите од работи ги надополнуваат со социјална помош“.
Предлогот е за 2-кратно исплаќање по 5.000 фунти, а апликантите ќе треба само да покажат како планираат да ги користат парите.
Во авансната грижа што ја покажуваат за своите сограѓани од РСА објаснуваат дека е очигледно дека премногу домаќинства во земјата „се ранливи на шокови посебно во деценија на промени, имајќи ги предвид сите проблеми што би можеле да излезат доколку автоматизацијата, брегзит и се постарата популација не се правилно менаџирани.
„Ако не го промениме начинот како размислуваме, ниту крпење на социјалната држава, ниту вработување на повеќе луѓе, кога ќе видиме дека поврзаноста меѓу напорната работа и коректната плата веќе не постои, нема да им помогне на луѓето да се справат со претстојните предизвици,“ објаснува директорот на РСА, Ентони Пеинтер.
Меѓу претпоставената употреба на парите од државата е дека работник би можел да ги искористи за да ги намали своите работни часови за да се дообразува и да стекне подобри вештини за напредување во кариера, или за да претвораат некоја своја бизнис замисла во реалност.
Фондот од кој би се давале овие пари ќе биде изграден врз јавен долг, собирање на приходи од до сега неоданочениот корпоративен имот и долгорочни инвестиции во инфраструктура. На луѓето на кои би им било исплатено од овој фонд ќе им бидат укинати веќе постојните социјални бенефиции како детски додаток, даночно олеснување и државна помош до вработување.