Во средата Аксиос објави вест цитирајќи пет извори од Белата куќа дека Трамп приватно бил опседнат со Амазон, и дека постојано барал начин како да се справи со он-лајн гигантот преку анти-монополски закони. Белата куќа веднаш го негираше ова, и дека Амазон моментално е каков било приоритет.
Трамп издржа еден ден пред на Твитер да го објави своето мислење околу темата:
По ова вкупната вредност на акциите на Амазон падна за 53 милијарди долари.
Еден од аргументите на Трамп е дека Амазон ја цеди и искористува американската пошта во сопствена корист, плус дека заради нив стотици трговци остануваат без работа. Дебатата околу Амазон и поштата е прилично обемна и комплицирана. Во основа се сведува на тоа дека е точно дека Амазон значително ја има помогнато поштата во најтешките времиња и и’ помогна да го преживее појавувањето на електронската пошта, со што беа уништени 40% од нивниот бизнис, меѓутоа во исто време Амазон ги добива најповолните цени за испорака, и владата на САД во основа го субвенционира нивното користење на поштенските услуги.
Она што исто така е точно од твитот на Трамп е дека Амазон нема платено никаков данок во 2017, но затоа плати стотици милиони данок во претходните 3 години.
Во целата паника што го има опфатено Вол стрит Фејсбук крвари веќе со денови и од почетокот на скандалот со Кембриџ аналитика има изгубено речиси 100 милијарди долари.