Унилевер е 3-та по големина компанија на лондонската берза, и е со проценета вредност од 127 милијарди евра. Според холандскиот извршен директор (компанијата е пола британска, пола холандска), Пол Полман, „Унилевер ја разгледува својата двојна корпоративна структура откако американскиот гигант Крафт Хајнц пред една година не успеа насилно да ја преземе компанијата по цена од 129,7 милијарди евра.“
Привлечноста на Холандија (освен даночните олеснувања, и тоа што е во ЕУ) е што холандските закони дозволуваат на компаниите да употребат „отровно апче“ одбрана за спречување на непријателски преземања од конкуренти.
Доколку крајната одлука биде објавена во четврток, таа ќе биде на ист ден кога премиерката Тереза Меј треба се сретне со водечките бизнис ликови од британската бизнис заедница за да разговараат за нивната паника околу брегзит.
Луѓе од Унилевер тврдат дека промената на седиштето нема да смени ништо во однос нивниот број на вработени или опсегот на дејности во Британија. Моментално компанијата во Британија вработува 7.500 луѓе, а во Холандија имаат околу 3.000.
Иако Унилевер останува на берзата во Лондон, како и во Холандија и САД, таа нема да биде дел од ФТСЕ-100 индексот, бидејќи нејзиното седиште повеќе не е во Британија.
Британско-холандската компанија основана во 1929-та ги поседува некои од најголемите светски брендови: Акс (спрејови за тело), Доместос, Дов, Магнум, Хелманс, Кнор, Липтон, Рексона, Сигнал пасти за заби, Вазелин, Циф, Персил, Рама.