Проекциите доаѓаат од британскиот парламент и се базираат на анализа на трендовите од финансиската криза во 2008 до денес.
Од 2008, богатството на најбогатиот 1% расте во просек за 6% годишно, или два пати побрзо од 3-процентниот раст на останатите 99% од светската популација. Доколку ова продолжи во 2030 нивната вкупна вредност ќе изнесува 305 илјади милијарди долари или над два пати повеќе од денешните 140 илјади милијарди долари.
Концентрацијата на богатството кај најбогатите се должи на растот на нееднаквоста во примањата, поголема стапка на штедење меѓу богатите и акумулација на имот. Тие исто така повеќе инвестираат во бизниси, акции и друг финансиски имот, кој им овозможува несразмерни бенефити.
Паралелно со ова, нова анкета покажува дека најголемиот дел од Британците веруваат дека супербогатите се групата која ќе има најмногу моќ во 2030, на второ место се нашле владите на земјите. За 44% од испитаниците ова ќе доведе до раст на корупцијата, додека 43% одговориле дека последица ќе биде дека „супер-богатите ќе добијат нефер влијание на владините политики.“
„Ако системот на капиталистичка либерална демократија кој триумфираше на Западот сака да го мине тестот на глобализацијата - и нападот од радикалниот ислам како и нашите внатрешни притисоци од мерките за штедење по кризата - ни треба ново размислување за начините за ширење на можностите, споделување на сопственоста и филантропија. И ни треба брзо,“ порачува пратеникот од ториевците, Џорџ Фриман.