Во 1994, Безос има 60 состаноци со роднини, пријатели и потенцијални инвеститори, и на сите им го нуди истиот пакет - 50.000 долари за 1% од Амазон. Тој не успева да убеди 38 од нив.
Секој од овие 22-ца првични инвеститори, кои ја прифатиле понудата, доколку се уште го чуваат својот 1%, до сега имаат поврат на својата инвестиција од 14 милиони проценти. Во пари, 1% од Амазон денес вреди 7 милијарди долари.
Меѓу 22-та, се и родителите на Безос и неговите помлад брат и сестра. Од целата група најголем ќар имаат родителите на Безос, кои во проектот на својот син вложуваат 300.000 долари, а за возврат добиваат 6 проценти од компанијата, кои денес вредат 42 милијарди долари.
Единствен што повеќе се има офајдено од Амазон од нив двајца е самиот Џеф Безос, кој поседува 16% од акциите на Амазон, кои се главниот столб на неговото богатство од 130 милијарди долари.