Швеѓаните се напнаа што ништо не плаќаат со кеш

Пред воопшто да можат да тргнат во својата борба против воведување целосно безготовинско општество, активистите за оваа кауза прво треба да го решат проблемот како да мобилизираш народ во Шведска кога сите и веруваат на која било влада што ќе дојде.

Поранешниот пратеник на Пиратската партија и еден од првите противници на безготовинската економија, Кристијан Енгструм, самиот признава „имавме среќа во изминатите 100 години да имаме претежно фини влади.“

Работите се менуваат во корист на оваа кауза, откако во февруари шведската централна банка предупреди дека наскоро можат да се најдат во ситуација сите плаќања во земјата да бидат контролирани од банки од приватниот сектор.

Гувернерот на тамошната централна банка, Стефан Ингвес, побара носење нов закон кој ќе осигури јавна контрола врз системот на наплата, образложувајќи дека плаќањето и наплаќањето е „колективно добро“ како одбрана, судови, или јавни статистики.

„На најголемиот дел од граѓаните не им е пријатно да им ги предадат овие јавни функции на приватни компании.

Треба да е јасно дека шведската подготвеност ќе биде ослабена ако, во случај на сериозна криза или војна, не сме одлучиле однапред како компаниите и домаќинствата ќе плаќаат за гориво, залихи и други потребштини,“ порачал гувернерот.

На ова се надоврзаа и претставниците на организацијата Kontantupproret (Бунт за готовина), чии аргументи до сега беа отфрлани како мислење на стари и технички заостанати луѓе. Една од нивните позиции е дека ако „имаш целосно дигитален систем, немаш оружје како да се одбраниш себе си ако некој го исклучи системот“, и дека Шведска е единствената земја на светот која мора да размислува и за овие проблеми.

Освен „во случај на војна“ меѓу опасностите од безготовинскиот систем се тој да биде пробиен и злоупотребен, или државата или кој и да им пристап до серверите да го користи системот за следење на финансиските трансакции на граѓаните и нивната потрошувачка.

На една неодамнешна анкета, речиси 70% од испитаниците изјавиле дека сакаат да ја задржат можноста да користат готовина, додека само 25 сакале целосно безготовинско општество.


Репортажа околу придобивките на безготовинското општество од пред 3,5 години:

 

4 април 2018 - 13:15