Колку пари ти требаат за да бидеш среќен?

Тоа што го зборат „не ти требаат пари за да бидеш среќен“ излезе дека е точно, само што почнува да важи некаде на околу 100.000 долари годишно (во регионов на 45 илјади).

Како пример се земаат 3 жени на возраст од 33 години, кои не се во брак и живеат во САД. Првата годишно заработува 40.000 долари, втората 120.000 а третата 200.000.

Резултатите од анализата на нивните нивоа на среќа немаат некој бајковит пресврт па таа со 40.000 долари да излезе најсреќна од триото, пресвртот е кај таа што заработува 200.000 долари годишно. Изненадувањето е што жената со 200.000 долари годишно не била ништо посреќна отколку таа што заработувала 120.000 долари.

„Тоа е затоа што и двете имаат приходи над 105 илјади долари, што според нивното истражување е точка по која секој повисок приход во САД не е поврзан со поголема среќа. Техничкиот термин за овој пресек е ’точка на заситување’ од приход,“ пишува Дан Коф во текстот за Кварц.

Студијата се базира на истражување на задоволство од животот на над 1 милион луѓе како дел од анкета на Галуп. Испитаниците требале да дадат оценка за своето задоволство од 0 до 10 (0 е најлош можен живот / 10 е најдобар можен живот). Овие резултати потоа биле споредени со приходите на испитаниците.

Студијата е спроведена во сите региони на светот, и секаде луѓето со повисоки приходи биле посреќни. Меѓутоа како и во САД, со границата од 105 илјади долари, така и во сите други региони имало одредена сума по која настапува точката на заситување.

Ние се паѓаме во групата Источна Европа / Балкан, каде границата по која парите не прават разлика изнесува 45 илјади долари месечно. Дали станува збор за скромност, дали за неамбициозност, има само два региони на светот каде границата на среќа е пониска - Суб-сахарска Африка (40 илјади долари) и Латинска Америка / Кариби (35 илјади долар).

По полови, границата за мажи е 90 илјади долари годишно, за жени е 100 илјади долари.

 

28 февруари 2018 - 11:57