Бизнис

Фејсбук ќе покрене глобална дигитална валута

Компанијата која толку лошо им ги чуиваше приватните податоци на луѓето, сега од нив бара да ѝ ги доверат и парите.

Колорадо стигна до милијарда долари данок од марихуана

За 3,5 години американската сојузна држава стигна до 500 милиони долари собрани од данок од легалната продажба на марихуана. За следните 500 им требаше само уште година и пол.

Тајниот извор на пари на Тесла

Американските производители на автомобили своите гревови со загадувањето ги перат со помош на Тесла, па колку повеќе тие продаваат автомобили на бензин/дизел, толку повеќе пари завршуваат кај Тесла.

Зошто Фиат изненадно се откажа од купување на Рено?

Како што неочекувано беше објавена веста дека Фиат Крајслер сака да го купи Рено Нисан, идентично напрасно беше објавено и дека Фиат се повлекува од намерата за спојување со Рено.

Најголемата слабост на биткоин е што никој не користи биткоин

Иако се повеќе компании дозволуваат плаќање со биткоин како со регуларни валути, криптовалутата упорно се штека и се чува за вадење на потенцијален ќар од нејзиниот (секогаш) очекуван раст на берзите.

Амазон тера тендери по балкански

Во тужба пред американските судови Оракл обвинува и нуди нови докази дека нивниот конкурент Амазон му понудил работно место на висок функционер на Пентагон во замена за пишување на условите на тендерот на начин поволен за Амазон. Тендерот е на износ од 10 милијарди долари.

Вол Стрит стравува од рецесија

Најголемите банки на Вол стрит се синхронизираа во стравот дека ескалацијата на трговска војна на Трамп со Кина ќе ги одведе САД и светот во економска рецесија. Рокот е 9 месеци.

Безготовинска Шведска побара од Швеѓани да прават резерви од кеш

Лагодноста на користење безготовински начини на плаќање од картици до телефони и што сè не, направи во Шведска да можеш да видиш банкнота само во музеј, и тоа веќе им станува проблем на ниво на национална безбедност.

Големото пљачкосување на Европа

Кога се краде Европа тоа се прави на даноци (и на проекти, ама овој пат се даноци), и се прави масовно, во обем од околу 50 милијарди евра годишно за Европа да може да примети.

Зошто Амазон прождерува пропаднати трговски центри?

Прво ги уништи и им го собра целиот промет и муштерии на трговските центри, па сега Амазон се фрли на моштите и почна да ги купува објектите на пропаднатите трговски центри.

Кинески кошмар за млади наследници

Сопственикот на најголемата агенција за недвижности во Хонгконг, Винг-Чинг Ши, има 400 милиони долари и еден син наследник. Е излезе дека овој едниот син нема ништо да наследи од тие 400-те милиони.

Епл секој месец го позлатува Амазон

Меѓу облакот на Гугл и облакот на Амазон, Епл се одлучи на повеќегодишно користење на сервисот на овие вториве, и моментално е еден од нивните најголеми клиенти, со најголема месечна фактура.

Филип Морис, животно осигурување за непушачи

Симболот на тобако индустријата, Филип Морис, продолжува со стратегијата да станат главна опозиција на самите себе (подобро сам да си направиш опозиција отколку таа неконтролирано да се создава, што „службите“ многу добро го знаат). Сега влегуваат во бизнисот со животно осигурување и нудат попуст на оние кои се откажале од (ординари) пушење.

Како Нестле заработува милијарди од флаширање бесплатна вода

Во една од фабриките што ги има во Мичиген, Нестле испумпува 950 литри вода во минута и ги флашира под брендот „Ајс Маунтајн“. За сета оваа вода Нестле на Мичиген му плаќа годишна дозвола од 200 долари.

ММТ кој прв почна

Видни ликови од новата американска левица (Сандерс, Окасио-Кортез) стануваат гласни заговорницџи на Модерната Монетарна Теорија (ММТ) по која централните банки можат да си штанцаат пари и ич да не им чуе за хиперинфлација. Од перспектива на земја која и кога фискалните узди се држат цврсто, таа земја е параспур (хинт: Мира Дизел, Мерко, 800.000 за медиуми само затоа што биле за хартија), ваквата опуштеност би изгледала страшно.

Златно ослободување на Русија од доларот

Русија забарзано напредува во диверсификација на своите меѓународни резерви за да се ослободи од евентуално погубната зависност од американскиот долар. Само во февруари, во своето чекмеже додале нови 31 тон злато и за еден месец отсвариле добивка од 10 милијарди долари на име на зголемената цена на нивните златни резерви.

Саудијците ја имаат најпрофитабилната компанија на светот за 2018

Профитот од 2018 на Епл + Гугл + Ексон мобил = саудиски Арамко.

Непоимливите бројки зад пазарниот удел на Амазон

За овие дваесетина години, од пионер во е-трговијата Амазон е претворен во незапирлив конгломерат од митолошки размери, од кого единствен спас е да не почне да работи во твојот сектор. Бројките што тој ги има во реалноста, се на рамниште на играње видео-игри со „читови“.

Саудиска Арабија ги цица резервите со вода на Калифорнија, на цака стара 140 години

Во 1877 британски копач на злато почнува да обработува едно парче земја во Калифорнија и со тоа го добива правото и на бесплатно користење на водите кои минуваат низ местото. Век и пол подоцна, човекот е умрен, местото е претворено во град, ама водата и понатаму е бесплатна, во еден случај и за Саудијци.

Најголемиот дел од тргувањето со биткоин е превара

Ова најголем дел е 95% од вкупното тргување со биткоин и според последните ревизии тоа се врши преку нерегулирани берзи.

Дизни победи во сè

За 71,3 милијарди долари Дизни ја купи компанијата 21 Сенчури Фокс и речиси сè што оди со нејзе.

Економски раст = неофашизам?

Во Загреб осамнал баш таков графит (без прашалникот) па уредникот на хрватски Форбс објаснува што е тука погрешно. Растот сам по себе не е ниту добар ниту лош. Секогаш лоша е само сиромаштијата.

Дали хеџ фондови заработија стотици милиони евра на вечерта на брегзит?

На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.

Америка има повеќе милионери отколку што Шведска има луѓе

Минатата година бројот на богати домаќинства во САД постигнува нов рекорд, отприлика исто колку целото население на Шведска или Португалија.