
Секој вработен со полно работно време ќе добие бонус од 300 долари, а оние што се со скратено работно време по 150 долари.
Компанијата која вработува 1,5 милиони луѓе во САД имаше проблеми со одржување залиха во своите продавници низ земјата и исполнување на он-лајн нарачките. Волмарт ќе ги држи отворени сите продавници низ САД, меѓутоа со скратено работно време, а и ќе ја ограничи количината што може да се купи од некои производи.
Привремените 150.000 работници во Волмарт ќе бидат ангажирани во центрите за дистрибуција и центрите за пополнување на он-лајн нарачки, но нема да бидат пуштени во супермаркетите да ги заменат вработените кои не доаѓаат на работа.
Од Волмарт изјавуваат дека прво ги контактирале здруженијата на хотели и ресторани и понудиле да ги најмат нивните вработени кои останале без работа заради затворање на објектите.
„Чувствуваме дека ова е моментот кога треба да обезбедиме некаква дополнителна исплата.
Тие вршат херкулски дел од работата во нашите продавници опслужувајќи ги муштериите во искрено напната средина,“ изјавил потпретседателот за корпоративни работи на Волмарт, Ден Бартлет.
Претходно Амазон објави дека ќе најми дополнителни 100.000 луѓе во САД, и дека дневницата на луѓето во магацините и оние што вршат испорака ќе им биде зголемена за 2 долара на час до крајот на април.