Американски ЦЕО-а спремни да работат дo последен заразен работник

Претстојниот период ќе бидеме сведоци на формирање и подем на две, првично маргинални, групи на граѓани: газди што сакаат по секоја цена сите да се вратат на работа, и просветлени граѓани кои доживеале епифанија дека ковид-19 е само голема завера. Ај сега за првиве.

Дик Ковачевиќ

„Полека треба да почнеме да ги враќаме луѓето на работа и да видиме што се случува.

Некои од нив ќе се разболат, некои може и ќе умрат, не знам.

Дали сакате уште да страдаме економски или да го преземеме ризикот дека ќе фатиш симптоми на грип и ќе доживееш нешто налик грип? Дали сакаш да преземеш економски ризик или здравствен ризик? Ти избираш,“ порачува во интервју за Блумберг, поранешниот ЦЕО и претседател на Велс Фарго, Дик Ковачевиќ.

Освен Ковачевиќ, и поранешниот прв човек на Голдман Сакс, Лојд Бланкфејн, повика „оние кои се со низок ризик за заразување да се вратат на работа.“

Овие изјави се по курсот што Трамп го постави за ковид-19, според кој економијата на САД треба да „отвори“ до 12 април, дури и смртните случаи да продолжат да растат, бидејќи тој би сакал да види „полни цркви низ земјата“ за време на Велигден.

Наспроти нив е милијардерот и сопственик на Далас Маверикс, Марк Кубан, кој во меил до Блумберг порача „Игнорирај сè што би можел да каже некој како мене. Животи се во прашање.“

27 март 2020 - 12:07