
Барел канадска нафта денес вреди помалку од кафе лате во Старбакс или слично место, откако во петокот постигна цена од само 5 долари, пренесува Јаху фајненс. Ова е рекордно ниска цена која ја бележи компанијата Western Canadian Select (WCS), најголемиот производител на сирива нафта во земјата.
Бидejќи не се наѕира ниту крај на пандемијата и глобалната парализа на нормалниот живот, ниту пак крај на саудиско-руската војна околу цената на нафтата, на повидок се таканаречени негативни цени.
Тие и денес работат со негативни маргини а ако некој се прашува зошто нивните пумпи и натаму црпат нафта по цена која никако не им одговара, одговорот лежи во цената на затворањето и повторното рестартирање на целата таа машинерија, што е ужасно скап процес.
Што ќе се случува во иднина зависи од проценката на експертите колку ќе трае ваквата пазарна ситуација и кое би било поевтиното решение: да се трпат производни загуби или да се става клуч и да се чекаат подобри времиња.