Холанѓаните солидарно ќе ги спасуваат холандските цвеќари

Над 1.000 холандски компании се приклучија кон планот за купување масовни количини холандски цвеќиња за да ја спасат тамошната цвеќарска индустрија. Што ќе прават на толку цвеќиња? Ќе ги делат по улица.

Планот доаѓа од производител на пумпи и вентили во близина на Ротердам, и за три недели тој успеа да собере околу 1.000 компании, кои купија над 1 милион цвеќиња.

Секоја компанија сама одлучува како ќе ги дели цвеќињата, дали на минувачи на улица, луѓе што се рекреираат во парк или ќе ги даваат по колеги на работа.

Холандија ја има најголемата индустрија за цвеќиња во светот, која произведува 77% од сите цвеќиња што годишно се тргуваат низ светот. Како што почна ширењето на коронавирусот така полека замре работата на холандската берза за цвеќе, па сега продажбата е некаде меѓу 60 и 70% пониска од стандардно, а вкупните загуби се проценуваат на 2 милијарди евра.

Заради ова планини од цвеќе завршија на депонија или беа претворени во природно ѓубриво од производителите кој не можеа да го продадат својот производ.

Истата компанија која го започнува купувањето на цвеќиња, тера паралелна кампања и за поттикнување на јавноста да и помогне на цвеќарската индустрија преку хаштагот #FlowerBoostChallenge и #BuyFlowersNotToiletPaper.

 

3 април 2020 - 10:44