Форд кредит генерира околу половина од сите профити на компанијата, а до пред некоја година на нив отпаѓаа 15 до 20 проценти. Главна дејност на огранокот на компанијата е кредитирање на дилерите на Форд, а преку нив и на крајните купувачи на нивните автомобили.
Токму парите од оваа дејност треба да го помогнат милијарди долари вредното преструктуирање на компанијата која иднината ја гледа во електрични и автономни возила.
На домашен терен компанијата продава се помалку возила во изминатите години, а слично е и надвор од САД, вклучително и Кина, каде последниве три години губат милијарди долари и за истиот период годишната испорака на возила им е намалена за речиси половина.
Во следните две години се очекува дека Форд кредит ќе донесе прилив од речиси 3 милијарди долари во Форд. Во 2017, Форд од Форд кредит виде околу 400 милиони долари.
Според податоците на компанијата, во изминатите две децении Форд кредит има придонесено со 28 милијарди долари во касата на Форд.