Парите што ги бара Нисан се дел од трошоците што Гон ги имал за време на мандатот, како користење на резиденцијален имот без да плаќа кирија за него, приватно користење на корпоративниот авион, исплати за неговата сестра и исплати за неговиот личен адвокат во Либан.
Гон беше уапсен во ноември 2018 по обвинение за финансиска злоупотреба, и тој требаше да биде суден во Јапонија пред да го спроведе филмското бегство во Либан кој крајот на декември 2019 кога наводно скриен во кутија бил испратен до аеродромот во Осака, и од таму на приватен лет директно до Истанбул, по што продолжува во Бејрут.
Доколку Нисан ја добие оштетата што ја бара, тоа ќе го стави Гон во минус. Поранешниот директор на Рено-Нисан моментално се проценува дека вреди 70 милиони долари, што е 50 милиони помалку од времето на неговото прво појавување во суд пред една година.
Освен Нисан што бара пари од Гон, јапонското министерство за правда бара тој да лежи затвор за сите проневери кои ги направил во време на својот мандат во компанијата.
Од своја страна Гон пак има тужба против Нисан во која тврди дека бил нелегитимно отпуштен од позицијата и по таа основа бара оштета од 16,4 милиони долари.