Освен ова тие најавија ослободување на 190 милијарди фунти кои ќе им бидат достапни на комерцијалните банки да ги нудат како позајмици на фирмите на островот.
Итното кратење на каматите следуваше откако во Британија беше пријавен 6-от смртен случај од вирусот, од вкупно 382 заразени. Последниот смртен случај беше маж во 80-те години со претходни здравствени проблеми.
Кратењето на каматните стапки е донесено едногласно, а како што објаснува Би-би-си тоа е позитивно за оние што позајмуваат, но е лошо за штедачите бидејќи каматната стапка од Банката на Англија (централната банка на Обединетото кралство) е референтната точка која банките ја користат за одредување на каматите што ги исплаќаат.
Од банката очекуваат економската активност во Британија „материјално да ослабе“ во следните месеци, што може да доведе до привремено но „значително“ нарушување кое ќе значи дека фирмите и луѓето нема да можат на време да ги плаќаат своите сметки, заради што и ги воведуваат мерките.
Во меѓувреме Италија го укина исплаќањето хипотеки за граѓаните на ниво на цела држава.