Во декември во германските банки физички беа сместени рекордни 43,4 милијарди евра, што е три пати повеќе отколку во мај 2014. Во јуни 2014 Европската централна банка одлучи да почне да наплаќа за чување депозити.
Минатата година како што глобалната економија почна да закашлува заради меѓународните трговски недоразбирања, Европската централна банка со цел смирување на инфлацијата одлучи дополнително во минус да ги турка каматните стапки во евро зоната, со што за компаниите и поединците станува поевтино да позајмуваат пари. Негативните каматни стапки се проблем за германските банки бидејќи тие значително зависат од каматите што ги наплаќаат од позајмиците додека во исто време „седат на планина од штедни влогови“.
„Деновиве повеќе се исплати фондовите да ги чуваш во готовина отколку да ги паркираш во ЕЦБ. И тоа важи и покрај ризикот, трошоците за осигурување и логистичкото малтретирање што го подразбира. Ова е смешна демонстрација на последиците од каматната политика на ЕЦБ,“ изјавува за Блумберг, Андреас Шулц, кој раководи со банка во близина на Берлин.
На терен исходот од сето ова е банки со преполни сефови со евра, кои бараат помош од други организации, пример трговци со скапоцени метали, да им отстапат простор во нивните сефови за да ги сместат парите. На нивно разочарување и тие немаат место за издавање.
Доколку нешто не се промени, аналитичарите очекуваат дека во скоро време ќе почне бумот за производителите на сефови и компаниите за обезбедување.