Таг: британија

Човекот кој го слика океанот, во океанот

Голем број уметници низ историјата биле инспирирани од морињата и океаните. Но методот на Питер Метјуз е малку поинаков - тој остава океанот да ја заврши работата место него.

Унилевер ја напушта Британија (и тоа нема никаква врска со брегзит)

Производителот на сè е од Дов сапуни до Магнум сладоледи, одлучи да го пресели своето седиште од Лондон во Ротердам. Она што им е многу важно за јавноста да знае е дека преселбата не е поврзана со тоа што Британија излегува од Европската Унија.

Секс за кирија

Не е за паника кога комшии оговараат или се шпекулира по социјални мрежи, станува сериозно кога темата стига до Би-би-си, во случајов темата е млади од Британија кои немаат пари да си ја платат киријата.

Пиење чај со кауза

Во Британија во 18 век (и не само тогаш) жените биле обвинети дека го трошат домашниот буџет на глупости, купувајќи порцелански чајници, и организирајќи чајанки за да си оговараат со пријателките. Овие го возвратиле ударот - го претвориле вообичаениот ритуал во политички чин, борејќи се против ропството. 

Британија на тешко се познава

На секој жител под 55 години британската влада треба да му даде по 10.000 фунти за да може да се снајде во време кога се повеќе работни места ги добиваат роботи. Aко ова успее тоа би било прв чекор кон воведување на основен приход (плата од државата) за секој Британец.

Полари, или тајниот јазик на британските геј мажи

“Bona to vada your dolly old eek!” Ова може да звучи како бесмислена реченица, но всушност бил вистински поздрав помеѓу геј мажите во Британија во 1950-тите и 1960-тите. Значи „Фино што ти го гледам убавото лице“ и е изговорена на јазик кој се нарекува полари.

Британски министер ја дава најбритански воспитаната оставка на сите времиња

Лорд Бејтс е британски министер за меѓународен развој. Како таков тој има должност да одговара на „пратенички прашања“. Од причини што не ги наведува, лорд Бејтс не успева да стигне на време за да удостои со одговор една од членките на Горниот дом на британскиот парламент. Заради ваквиот пропуст што не може да си го прости, тој со едно досега заборавено ниво на пристојност и воспитаност, поднесува оставка на функцијата што ја врши повеќе од 5 години.

Трамп може да го посети Лондон, само ако сите се воспитани додека е таму

Човекот кој моментално раководи со САД како услов за службено патување во Лондон од британската премиерка побарал да им се забрани на сите да демонстрираат против него.

Британија ќе прави зелен појас од едниот до другиот брег на островот

Планот е со 50 милиони нови дрвја да се пошумат некои од најголите делови во средишниот дел на британскиот остров, по цена од околу 500 милиони фунти.

Брегзит во 2017 преку насловните на британските таблоиди

Токму овој сегмент од британските медиуми активно ја предводеше битката за Британија да ја напушти Европската Унија. Откако ја добија својата победа, сега треба да го пренесуваат процесот што го посакуваа.

Британец кој денес живее во 1946-та

Зошто токму оваа година не ни е сосема јасно, но 35-годишен Британец живее како да е уште во првата половина на минатиот век. И, за чудо, не изгледа ич лошо.

Најфудбалската рок група на светот која го бара Ибрахимовиќ за вокал

Секоја нивна песна е поврзана или со видео игрите FIFA, или со најголемото изненадување во историјата на Премиер лигата, Лестер за кого навиваат и пишуваат песни.

„Смрт во воздухот“ - петте денови кога Лондон беше загушен од отровен смог

Главно ветување на сите кандидати кои учествуваа на локалните избори без оглед на нивната партиска припадност беше дека „ќе донесат чист воздух“ во градов. Не знаеме од каде точно мислат да го донесат и како, но ако е за некоја утеха имаме историски пример на град кој барем во тек на неколку денови бил позагаден од Скопје, Велес и Битола.

Избрана најгрдата нова зграда во Британија за 2017

Наградата е стара една деценија и, без да сме упатени во претходните победници, годинава изгледа како жирито крајно професионално да си ја завршило работата.

Че си платат

Само еден месец откако комплетната постава на Европската Унија ја направи ненормална ако мисли дека Британија ќе ги плати трошоците за излегување од Унијата, британскиот министерот за надворешни работи во интервју за Бибиси ја изгуби својата брегзитерска невиност порачувајќи - ма нормално дека ние сè ќе си платиме. Цехот за кој се нечкаат е околу 100 милијарди евра.

Подемот на албанските нарко-дилери во Британија

Првично познати по управувањето на борделите (во ултра вносниот центар на Лондон) благодарејќи на шверцот на бело робје и оружје од војната во Косово, албанските криминалци во Британија полека станаа главни играчи во уште еден сегмент на британското подземје: продажба на дрога.

Сите проблеми со „Данкирк“

Го фалат (со право) дека визуелно е богат и дека со многу малку дијалог успева да изгради атмосфера. Ама и многу го кудат (пак со право), затоа што е прилично искривена верзија на историјата. Што е битно само ако очекувате од игран филм да биде и документарен.

Приказната за еден од првите „сталкери“ на познати личности во историјата

Од искуства на пријатели знаеме како е да бидеш гонет од обожаватели, да те начекуваат на улица, да ги наоѓаш по дома влезени низ балконската врата, а полицијата да ти вика самиот да се справиш со проблемот. И ова не е ништо ново - на времето домашен сталкер си имала и британската кралица.

Британија очи во очи со брегзит

Сите верзии на брегзит (тврд / мек) имаат свои негативни страни и сепак лидерите на Британија не можат да признаат дека напуштањето ќе значи и правење компромиси, а не па колку ќе бидат тие штетни, се порачува во текстот на Економист.

Човекот кој тргна на фудбалски пат околу Европа

Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.

Тајните на шпионот што заврши во торба

Во август 2010 во спортска торба во Лондон беше откриен труп на шпион на МИ6. Полицијата процени дека смртта "најверојатно била несреќен случај". За разлика од нив тајните служби на Британија и САД тврдат, врз основа на тајни податоци, дека тој е убиен заради неговата работа на Русија.

Британија, резилот на Европа

Да не беше толку сериозна, ситуацијата во Британија ќе беше речиси комична. Со земјата владее робот кој зборува, со прекар Мејбот, кој некако успеа да отиде во посета на изгорена зграда во западниот дел од Лондон без да прозбори со ниту еден единствен преживеан или волонтер, пишува Кристијан Зашке во текстот за швајцарски Дер Бунд.

Британија: Крајот на фантазијата

За да се разбере сензационалниот исход на британските избори, човек мора да се запраша едно основно прашање. Што се случува кога лажниот популизам ќе се судри со вистинскиот?

ЕУ не планира да и даде тајм-аут на Британија

Додека е можно дека на Британија ќе и треба време за да ги пофати сите конци по изборите со кои Тереза Меј сама себе се изненади, сосема е сигурно дека ЕУ тоа нема да ја интересира во однос на крајниот рок.