Таг: британија

Британија достоинствено пред избори

Суптилноста во наклонетоста кон својата опција на едни од најголемите британски весници на денот на изборите.

САД исклучени од добивање информации околу нападот во Манчестер

Британската полиција што го истражува бомбашкиот напад во Манчестер арена одлучи да престане да споделува доверливи информации со американските власти откако дел од нив, повторно, стигнале до американските медиуми.

Не ти требаат хакери за местење избори, кога го имаш Фејсбук

Британците имаат две недели до новите општи избори, а уште не можат да се сфатат и да се помират што им се случи последен пат кога излегоа да гласаат, пред само една година.

Каква опрема за прислушување Британија испорача во Македонија

Уреди за снимање телефонски разговори и текст пораки, хардвер за мониторирање на интернет сообраќај, се само дел од опремата за која британската влада во изминатите две години даде лиценци за извоз.

Британската домаќинка која превела 70 руски класици на англиски

Делата на најпознатите руски писатели - Толстој, Достоевски, Чехов, Гончаров, Тургењев - долго време не им биле достапни на читателите од англиското говорно подрачје. Додека една болникава и невпечатлива Британка не одлучила да ги преведе.

Премиерот кој даде оставка поради несоница

Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.

Проблемот со рафтови полни овошје и зеленчук низ целата година

Откако Италија и Шпанија зафатени од снег сличен на нашиот не успеаа на островот да му ја испорачаат потребната количина на овошје и зеленчук, во јануари на Британците им се случи сериозна криза која ги испразни пиљарите во супермаркетите. Откако пркна сонце, работите се вратија на нормала, ама проценките се дека догодина ќе биде само полошо.

„Јас, Даниел Блејк“ (2016)

Овогодишниот добитник на Златната палма во Кан е длабоко социјален, но и длабоко хуман филм, какви што се голем број добитници или номинирани за престижните филмски награди оваа година. Тие и покрај мрачнатата слика на сегашноста која ја портретираат, нудат и некаква утеха, дека во тој мрак има и трошка светлина - личното достоинство и меѓучовечката солидарност.

Прогласена највлијателната академска книга во Британија

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.

За британцките работи

Документарна ТВ серија во која куп познати и помалку познати објаснуваат колку е бизарно да се биде Британец, и тоа (до сега) во тек на две сезони и седум епизоди, без намера да запрат. Ако тие имаат толку многу проблеми, колку ли епизоди би биле потребни за нашите?

Фотографот што ги сликаше истите луѓе 40 години подоцна

Болничарот Крис Порс (Chris Porsz) олабавувајќи се од стресот на работа во 70-тите и 80-тите киснел на улиците на Петерборо, Англија, сликајќи ги панкерите, полицајците, љубовниците и тинејџерите. Скоро четири децении подоцна тој се враќа во градот и ги слика истите луѓе. Ефектот на „пред“ и „потоа“ е одличен.

Сè што треба да знаете за следната премиерка на Британија, Тереза Меј

Откако фаворитката на Конзервативците Андреа Лeдсом се откажа од трката за фотељата на премиерот Дејвид Камерон, британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј е веројатниот победник и следен премиер на Британија.

„Крајот на светот" (2013)

Признаваме, по исходот од референдумот во Британија баравме филм кој би можеле да го поврземе со актуелната ситуација, како некое пророштво или социолошки коментар на британскиот менталитет. Не сме сигурни дека ова е тој филм, ама па е многу, многу забавен.

„Драга Британијо“

Неколку европски писатели им пишуваат отворено писмо на жителите на Островот, споделувајќи ги своите размислувања за тоа дали вреди да се остане или да се излезе од ЕУ. Во основа она што им го велат е - не си одете!

Британски хулигани на гостување во Париз

Познати насекаде во светот како насилни, англиските хулигани ќе бидат под посебен надзор и на Европското првенство во Франција летово. Но, еве што би можеле да доживеат гостољубивите Французи ако мерките за безбедност не бидат на највисоко ниво.

Празен буџет ганџа сонува

Британците пресметаа дека копирањето на моделот на Колорадо за легализирање на марихуаната (легална продажба на полнолетни лица преку лиценцирани продавници) годишно ќе им донесе околу 1,3 милијарди евра од данок, плус парите што ќе се направат во економијата.

Зошто Камерон е во право околу тероризмот и учењето англиски

Минатата недела Камерон преку колумна во весник испрати смирувачка порака што англискиот дел од нацијата чекаше да ја чуе, за која кај нас политичарите добиваа шамарање преку уста, дека ако некој сака да живее во Англија треба да зборува англиски и да ги почитува вредностите на земјата во која живее. Деновиве излегоа реакции, од типот - во право е.

Книжарски одговор на „црниот петок"

Aко следната година нашите книжарници се инспирираат од оваа иницијатива, нека не се мачат со батлер и вино, сосема е доволна и по една жолта, цивилизирано сервирана во бокалче. Мезето се подразбира.

Што кажуваат, а што навистина мислат Британците?

Ги знаете оние таблици со „преводи" на она што го кажуваат жените и мажите, во она што навистина го мислат? Оваа е направена врз основа на национална припадност, то ест на феномен познат како „британскост".

Маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата“ со 66 актери

Хомеровите епови често се нарекуваат темели на западната книжевност. Но ретко кој самиот седнал да ги прочита илјадниците стихови без да му здосади.

Автомитологијата на Џон Ленон

Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.

Писателите контра анти-бегалската реторика на медиумите

Помеѓу различните иницијативи и акции кои се одвиваат во европските земји за поддршка на бегалците е и онаа на британските писатели, кои подготвуваат антологија есеи и раскази како одговор на анти-бегалската реторика на медиумите. Славни писатели од светот истапуваат и со свои изјави за поддршка на белгаците.