Она што го заклучија од ланскиот брегзит до сега, со неочекувана доза на неверување, е дека Фејсбук има огромно влијание на тоа како гласа земјата, и не во смисла на драње и кој повеќе ќе биде безобѕирен кон тоа дека се влече по дното, туку мрежата како алатка прва алатка во човековата историја која дава вистински точен поглед кон однесувањето, намерите и желбите на гласачите.
"Многумина од нас би сакале да го изучуваме Фејсбук, ама не можеме затоа што тие не споделуваат никакви важни информации.
Мислам дека неколку практикувања на демократијата минатата година беа изместени заради големите количества дезинформации во јавната сфера. Брегзит и неговиот исход, и изборот на Трамп и неговиот исход, е нешто кое јас сакам да го сметам за 'грешка', во смисла дека имаше толку многу дезинформации во јавноста.
Сето ова не доаѓа само од автоматизација. Исто така делумно зависи и од начинот на кој денес функционираат вестите, балоните на образование, и способноста на луѓето критички да размислуваат кога ги читаат вестите. Меѓутоа најблиската причини за дезинформации е што Фејсбук шири ѓубре вести на голем број корисници," објаснува професорот на Интернет институтот на Оксфорд, Филип Хауард.
За уредничката на Журналот за сајбер политики, и прв човек на Информациската лабораторија на Оксфорд, Емили Тејлор, Фејсбук има "подмолно" влијание на демократското општество. Освен ширењето лажни вести, таа објаснува дека има "подлабок, пострашен и поподмолен проблем: сега живееме во оваа содржински уредувана околина, каде никогаш не гледаме ништо во нашиот балон... и не сфаќаме колку тој истиот е уредуван".
Студија од 2015 покажува дека повеќе од 60% од корисниците на Фејсбук комплетно немаат поим дека тие не гледаат сè од нивните пријатели и страни што ги имаат лајкнато на Фејсбук туку само она што Фејсбук ќе одлучи да им покаже.
"Во реалноста најголемиот дел од содржините што сте побарале да ви се прикажуваат (сте кликнале лајк на страна или на пријател), никогаш нема да ви се прикажат. Фејсбук ви покажува селекција направена од алгоритми, базирана на голем број фактори: притоа најважен фактор е дали некој му платил на Фејсбук за неговиот пост да биде промовиран," објаснува Алекс Херн во текстот за Гардијан.
Тејлор малку поконкретно навлегува во проблемот со Фејсбук, односно неговата автоматизација. Па иако секоја социјална мрежа има јасно правила и регулација за рекламите (обележување, ценовник и сл), тие не се толку спретни во справувањето со автоматизацијата. Како пример таа дава пост со 25.000 ретвита или шерови, за кои ти не знаеш колку од нив се направени од луѓе, а колку се од алгоритми, ботови и најразлични апликации за автоматизација. Проблемот е што и Фејсбук не може со сигурност да каже кој е човек а кој е бот, па вака масовно шеруваниот пост неговите алгоритми ти го служат како информација релевантна за тебе.
Остатокот од текстот, тука.
На темава:
Големиот брегзит грабеж: како беше киднапирана британската демократија