Меј е долгогодишен член на Конзервативците кој успешно ги имплементира конзервативните политики. Таа успева да го истера најдолгиот мандат на позицијата Министер за внатрешни работи во последните 60 години. Освен промените што ги прави во работата на полицијата таа е позната и по својот строг став кон имиграцијата и воведува едни од најкрутите имиграциски политики во последниов период.
Иако е позната конзервативка, Меј не беше дел од ултра-десничарската фракција на Конзервативната партија која ја предводеше кампањата за напуштање. Како и Камерон, Мај беше за останување но вети дека ќе го почитува гласот на граѓаните, порачувајќи "брегзит значи брегзит" и дека нема да се обиде да остане во ЕУ или "повторно да се приклучи преку задна врата."
Без разлика на противењето на брегзит, таа ја има поддршката од сите конзервативци, што гарантира галантно префрлање на власта. Освен Лeдсом, која одлучи да се повлече од трката, никој од лидерите на кампањата за брегзит, Џонсон или Гов, не и се спротивстави на Меј во нејзината кандидатура за премиер.
И покрај широката поддршка, Меј е озогласена дека е тешка за соработување и е позната како микроменаџер. Искуството е дека таа безмилосно се бори за своите ставови, и "необично за политичар, таа не изгледа како да и е гајле дали ја сакаат." Уште една карактеристика што ја обележува е што таа бара непоколеблива лојалност.
Нејзиниот мандат како пратеничка е обележан со гласање за неверојатно конзервативни политики, додека истовремено им дава поддршка на некои либерални ставови како геј браковите. Таа гласа против законот за Човекови права, и гласа во корист на војната во Ирак. Меѓутоа гласа и во корист на геј браковите, и се залага за инклузивни економски политики, и надминување на "нездравиот и растечки јаз" меѓу "газдите" и "работниците".
Меј има "изразито конзервативен тип на феминизам" и генерално се однесува на економските и работните прашања и проблеми на жените.
И покрај искуството, процената е дека таа доаѓа на власт во многу тежок период:
"Меј вети дека нема да се обидува да остане во ЕУ, ниту 'повторно да се приклучи преку задна врата.'... Сепак, таа исто така вети дека нема да го активира членот 50 веднаш по пристигнувањето на позицијата. Таа сака Британија да чека барем до крај на годината, во обид да договори најдобри можни услови со ЕУ кои ќе го зачуваат британскиот пристап до европските пазари без да дозволат неограничена имиграција. Проблемот, сепак, е што лидерите на ЕУ е малку веројатно дека ќе се согласат на ваков договор. Тие не сакаат да го наградат британскиот референдум со добри услови за заминување... Па освен ако Меј не го промени ставот на лидерите на ЕУ, таа е во прилично невозможна позиција."
Последната изјава на Камерон како премиер: