Алтернативна историја

Фотографот што ги сликаше истите луѓе 40 години подоцна

Болничарот Крис Порс (Chris Porsz) олабавувајќи се од стресот на работа во 70-тите и 80-тите киснел на улиците на Петерборо, Англија, сликајќи ги панкерите, полицајците, љубовниците и тинејџерите. Скоро четири децении подоцна тој се враќа во градот и ги слика истите луѓе. Ефектот на „пред“ и „потоа“ е одличен.

Новата книга на Порс се вика „Повторни средби“ (Reunions) и се состои од фотографии на луѓе од различни возрасти и социјални статуси од град во источна Агнлија, 120 километри од Лондон, сликани пред четириесетина години и денес. Се работи за 130 фотографии на луѓе чии имиња на времето тој не ги запишал, па му требало седум години за да ги најде и одново да ги слика во истите пози.

На повеќето од нив ликовите на луѓето се препознатливи. Некои од нив очекувано ја надминале панкерско-тинејџерската фаза, но други си останале доследни на мохавкот. Трети продолжиле со бездомничкиот живот (како „Ноби“, познатиот градски лик кој некогаш бил учител а откако му изгорела куќата живеел по автобуски станици), други и понатаму работат на истиот штанд на пазарот или во локалната златара, или во меѓувреме умреле, па нивните места на фотографиите се празни.

Сите биле многу изненадени кога Порс ги контактирал после толку време, и за нив ова бил начин да се потсетат на старите времиња, на младоста и на ситуациите во кои биле сликани. Некои од паровите после првите фотографии се земале, изнародиле деца, се развеле, а сега повторно се споиле откако Порс ги сликал. Но за некои од нив приоритетите се поинакви - „Тоа беа добри времиња“, вели еден. „Тогаш имав коса“.

 

 

 

 

 

 

 

 

15 ноември 2016 - 11:32