Британската министерка за внатрешни работи претходно изјави дека е иритирана од објавувањето на идентитетот на убиецот, што е спротивно на барањата на Британија и го предупреди Вашингтон дека тоа “не треба повторно да се случи.”
Кога во Њујорк тајмс вчера се појавија крвави слики од остатоци од местото на нападот, одлуката на британските власти беше да се прекине споделувањето информации со Американците.
Одговорните за истрагата на теренот своите информации ги предаваат на Канцеларијата за национален контра-тероризам, која потоа податоците ги споделува со остатокот од владата и - заради договорот за споделување разузнавачки податоци - со САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд.
Според експертите, протекувањето на информации најверојатно доаѓа од американските безбедносни структури, а не од Белата куќа. Извори на Бибиси од владата, го опишуваат второто протекување информации дека "било на сосема друго нив, и дека предизвикало неверување и зачуденост низ целата британска влада".
Во нападите изведени од 22-годишниот бомбаш убиени се 22 лица (вклучувајќи и деца), а 64 се повредени. До сега во истрагата уапсени се 8 лица.
Се покажа и дека две лица кои го познавале убиецот, пред нападот се имаат јавено во полиција за да предупредат за неговите екстремистички гледишта.