Зборувајќи на тема јазик Камерон објави дека 190.000 британски муслиманки - или 22% од вкупниот број на оваа група - малку или воопшто не зборуваат англиски и покрај тоа што со децении живееле во земјата, од нив "40 илјади жени воопшто не зборуваат англиски, па не е ни чудо што 60% од жените со потекло од Пакистан или Бангладеш се економски неактивни (социјални случаи)."
Маџид Наваз (ко-основач и претседател на глобален тинк-тенк на тема интеграција, религиозни слободи и имиграција) во текст за Дејли Бист на тема 160-те илјади муслиманки што не го зборуваат јазикот на земјата во која живеат пишува: "бројките на Камерон треба да го вознемират секого кој навистина се грижи за добродетот на малцинските заедници, и не поддржаните гласови во нивни рамки."
Во однос на чудењето на јавноста што Камерон во својот текст промовира женска еманципација и либерални вредности, притоа во исто време осудувајќи ја радикално десничарската омраза кон муслиманите, Наваз објаснува дека пораките на премиерот се во однос на борба против екстремизот.
"Неговата идеја е дека ако мајките се подобро интегрирани во британското општество, што претпоставува дека тие зборуваат англиски, тогаш и нивните гневни млади синови исто така ќе бидат добро интегрирани. Иако, мене не може да ми текне на која било мајка муслиманка што е прва генерација имигрант во Британија, со проблеми со англискиот, која со тек на време станала џихадист," пишува Наваз.
Без разлика на тоа, негова процена е дека учењето на јазикот на кој се зборува во државата и финансиски ќе биде од корист за жените, што подоцна ќе им донесе слобода да развијат подобри говорни вештини "за да можат подобро да се поврзат со своето потомство од втора генерација, кои се покажаа како поподложни на регрутирање од екстремистите отколку првата генерација."
"Ако родителот изгледа како да е изолиран од секојдневниот живот (не е финансиски самостоен), тој или таа има многу помали шанси да делува како морален или интелектуален пример за кое било дете што е ранливо на екстремизам," објаснува Наваз.