За време на манифестацијата FIFA The Best 2016/2017 во Лондон се делеа награди, познати фудбалери беа облечени во смокинзи а жените во вечерни тоалети. Сите нив ги забавуваа ѕвездите на британската рок група - Kasabian.
Момците од Лестер ја свиреа новата песна III Ray од новиот албум а во еден момент се симна од сцената и дојдоа да се поздрават со Нејмар, Меси, Роналдо и син му.
Kasabian се многу поврзани со фудбалот. Во последните 13 години тие секогаш го изведуваат симулаторот на FIFA (музиката во позадина на игрицата). Почнале со FIFA 2004 и легендарната песна L.S.F (Lost Souls Forever) а во 2009 година луѓето од EA Sports ги ставале нивните песни и во секоја следна верзија на главната фудбалска видео игра на светот.
Во сезоната 2010/2011 песната Fire на овој бенд стана и официјална песна во промотивното видео на англиската Премиер лига и позната насекаде во светот.
Пред Светското првенство 2010 во Јужна Африка, бендот Kasabian го претстави новиот дрес на репрезентацијата на Англија кој го очекуваа милиони луѓе. Тоа го направија на концерт во Париз каде се слушнаа и негодувања во салата.
Истата 2010, англиската FA ги викнала гитаристот на бендот Серж Пицорно и Ноел Галахер од Oasis кој е најпознат навивач на Манчестер Сити - на ждрепка за Купот на Англија. И неверојатно но вистинито на Вембли го извлекле парот Лестер - Манчестер Сити кои никогаш претходно не играле во ФА купот меѓу себе.
ЛЕСТЕР СИТИ
Kasabian од детството навиваат за Лестер.
„Татко ми првпат ме однесе на стадион кога имав 7 години. Кога влеговме на трибините за малку не полудев. Што значи тој клуб за мене? Се. Како и за мојот татко, брат, целото семејство и пријателите. Тоа е голема чест во нашиот живот“, вели солистот Том Мејган.
ШАМПИОНСКАТА СЕЗОНА
Првенството 2015/2016 започнало токму со Kasabian. По триумфот над Сандерленд, Клаудио Раниери признал дека побарал од сите играчи пред да истрчаат на терен да ја слушаат песната Fire од овој омилен бенд во цел град.
Во следното коло Лестер играше со Вест Хем а влијанието на Kasabian на екипата го оценил дури и најголемиот рокер во Премиер лигата, Славен Билиќ: „Одличен избор на музика! Ни дадоа 4 гола и само благодарение на Kasabian, така што јас сега нема да одам на тренинг туку во музичка продавница да им купам сите цедиња“.
По мечот Челси - Тотенхем кога стана јасно дека Лестер прави неверојатен успех и ја освојува титулата, бендот бил на улиците на Лестер каде славел со сите сограѓани.
После прославата Kasabian најавиле два концерти на стадионот „Кинг Пауер“: „Кога имавме по 15 години, се договоривме: ако склопиме група во еден момент обврзани сме да свириме на нашиот стадион. Го планиравме тоа за следната година во рамките на големата турнеја но Лестер ја освои Премиер лигата и решивме: правиме концерт!“
ГОЛ НА ОЛД ТРАФОРД
И самите дечки од бендот играат фудбал, најчесто на натпревари од хуманитарен карактер. Серж Пицорно во детството мечтаел да стане фудбалер, тренирал во академијата на Нотингем Форест а во 2012 се докажал со еврогол на преполн „Олд Трафорд“.
ДРУЖБА СО ИГРАЧИТЕ
Многу фудбалери се љубители на музиката на Kasabian.
„На концерт во Мадрид во гримиорна дојде Фернандо Торес. Кажа дека ја обожава нашата музика. А набрзо потоа освои Светско со Шпанија.“
Но главен фан на групата е Питер Крауч кој не пропушта концерт на бендот и се изнаигрува во публика.