Откако падна на првиот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа во Швајцарија е откриено дека е позитивен и на Б тестот. Казната за допинг е до најмногу 4 години неиграње фудбал.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која се избори за третото место во квалификациската група и автоматски за баражот, ќе се обиде да се квалификува на Европското првенство во дуелите со Република Ирска која е редовен учесник на баражите.
По вчерашните шпекулации за неговото заминување, Љубинко Друловиќ од денеска и официјално не е повеќе селектор на Македонската фудбалска репрезентација.
Синоќа завршија едни од најинтересните квалификации за Европско првенство, преку кои 19 репрезентации плус домаќинот се квалификуваа директно а четири ќе стигнат преку баражот кој се игра во ноември.
Пред околу 1.000 гледачи на арената во Борисов, Македонија и Белорусија одиграа досадни 90 минути без голови во меч без никакво значење. Нашите дрва останаа закопани на дното на табелата со 4 бода, исто колку што има и Луксембург.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45, во директен дуел со Белорусија во Минск ќе се обиде да го избегне дното во групата Ц. Во исто време, Украина мора да победи за да оди на ЕП како најдобра трета.
Македонските фудбалери ниту на третиот натпревар по ред не дадоа гол и сега 270 минути не знаат како е да се затресе противничката мрежа. Украина вечерва рутински славеше 0-2 за седми пораз на Македонија во тековните срамни квалификации.
Не дека утре бркаме историски пласман на Европско, ама доколку на некој му се оди на фудбал и сака да ја бодри Македонската фудбалска репрезентација без да даде ни динар, ќе му излеземе во пресрет.
Пред натпреварот против Украина во Скопје, селекторот Љубинко Друловиќ изјави дека фудбалерите сакаат да го избегнат последното место на табелата. Украинците играат за пласман на ЕП.
Откако се откри дека Аријан Адеми, фудбалерот на Динамо Загреб паднал на допинг тест од УЕФА, сега Арсенал ги бара назад загубените бодови во Лигата на шампионите.
Таврија Симферопол е првиот шампион на независна Украина, но клубот е распуштен по отцепувањето на Крим од оваа земја. Година дена подоцна, два одделни клуба го носат истото име и секој оддедлно се смета за прав наследник на шампионот.
На ранг листата на ФИФА пред нашата репрезентација се наоѓаат: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централо Африканска република, Намибија, Бахреин, Сирија, Свети Винцент и Гренадини, Сиера Леоне...
Средбата меѓу Србија и Италија која заврши 101:82 ги донесе најатрактивните потези во шестиот ден на ЕП 2015. Расположени за шоу беа Недовиќ и Калиниќ, а најинтересниот дриблинг го направија Украинците.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и седмиот пораз во 8. квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Поразот од 0:1 не изгледа воопшто страшно, бидејќи овој пат не игравме против Луксембург.
Бразилецот реши да игра за Шпанија лани, во март 2014-та. Од тогаш до денес на осум натпревари дал само еден гол, а ние се надеваме дека постот ќе му продолжи и утре.
Во сабота од 15:00 часот почнува јубилејното 40. издание на Евробаскетот, кое ќе има најмногу НБА кошаркари во историјата. Нашите ќе играат против 7 играчи од најсилната светска лига.
Во наредните шест дена ширум Европа ќе се играат натпревари од квалификациите за пласман на ЕВРО 2016 во Франција. Холандија може да не се пласира, Англија, Велс и Северна Ирска близу до историски пласман на три британски селекции.
Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.