Кошаркарите на Русија го доживеаа и вториот пораз на ЕП во групата А во Монпеље. Подобра од Зборнајата беше Полска со 82:79.
Русите загубија во првото коло од Израел, а Полска денес ја забележа и втората победа после триумфот над БиХ. Русија и Полска одиграа мошне израмнет меч во кои се сменуваа во водството.
Во вториот дел од мечот, Полјаците се одлепија на 9 поени разлика и ја сочуваа предноста до крајот. Вачински со 23 поени беше најзаслужен за победата на Полска, а Марцин Гортат уфрли 18 поени со 6 скокови. Кај Русите, Зубков беше прв стрелец со 21 поен и 7 скока, а Воронцевич запиша 12 поени и 6 скокови.
Во третото коло во Монпеље, Русија ќе игра против Финска, а Полска ќе се сретне со Франција.
Селекцијата на Србија ја оствари и втората победа на шампионатот, после вчерашниот триумф над Шпанија, денес ја победија и Германија 68:66. Во мошне напнат и неизвесен меч, Немања Бјелица со кош на 0,9 секунди пред крајот преку центарот Тибор Плаис и донесе важна победа на Србија.
Резултати Евробаскет 2015, 2. коло:
Група А (Монпеље): Русија - Полска 79:82, Финска - Израел 17.30, Франција - Босна и Херцеговина
Група Б (Берлин): Србија - Германија 68:66 , Исланд - Италија, Турција - Шпанија 21.00
Група Ц (Загреб): Холандија - Македонија 71:78, Словенија - Грузијаa 18.00, Грција - Хрватска 21.00
Група Д (Рига): Естонија - Белгија 55:84, Летонија - Литванија 17.30, Украина - Чешка 20.30