По воениот конфликт во Украина, европската кошаркарска федерација ѝ ја одзема организацијата на ЕП на оваа земја и им ја додели на четири земји кои се кандидираа: Франција, Германија, Хрватска и Латвија.
Претстојното Европско ќе биде единствено и по тоа што на него ќе се појават дури 28 кошаркари кои настапуваат во НБА лигата, нешто што досега не се случило на овој континентален турнир.
Во Загреб, Рига, Берлин и Монпеље ќе играат 24 репрезентации, а најмногу НБА играчи има Франција, шест. Хрватска, Грција и Италија имаат по три. Главни ѕвезди на ЕП ќе бидат Тони Паркер и Николас Батум од Франција, Шпанецот Пау Гасол, Дирк Новицки од Германија, Ерсан Иљасова од Турција, Немања Бјелица од Србија, Хрватот Бојан Богдановиќ.
Нашата репрезентација утрово замина во Загреб, а во сабота ќе игра против Грција во првото коло. Покрај Хелените, нашите најдобри кошаркари се во група уште со Грузија, Холандија, Словенија и домаќинот Хрватска.
Македонските кошаркари ќе играат против седуммина НБА кошаркари: Богдановиќ, Хезоња и Дамјан Рудеж од Хрватска, Атетокумпо, Папаниколау и Куфос од Грција и еден од најпознатите меѓу нив, Грузиецот Заза Пачулија од Далас Маверикс кој играше и во Атланта Хокс.
НБА играчи кои ќе играат на ЕП:
Франција: Николас Батум (Шарлот), Тони Паркер (Сан Антонио), Еван Фурније (Орландо), Борис Дио (Сан Антонио), Руди Гобер (Јута), Жофри Ловерњ (Денвер)
Хрватска: Бојан Богдановиќ (Бруклин), Марио Хезоња (Орландо), Дамјан Рудеж (Минесота)
Грција: Јанис Атетокумпо (Милвоки), Костас Куфос (Сакраменто), Костас Папниколау (Денвер)
Германија: Дирк Новицки (Далас), Тибор Плајс (Јута), Денис Шредер (Атланта)
Италија: Андреа Барњани (Бруклин), Марко Белинели (Сакраменто), Данило Галинари (Денвер)
Израел: Омри Каспи (Сакраменто)
Литванија: Јонас Валанчијунас (Торонто)
Полска: Марчин Гортат (Вашингтон)
Грузија: Заза Пачулија (Далас)
Србија: Немања Бјелица (Минесота)
Шпанија: Пау Гасол (Чикаго), Никола Миротиќ (Чикаго)
Турција: Фуркан Алдемир (Филаделфија), Ерсан Иљасова (Детроит)
Украина: Алекс Лен (Феникс)