Според најновото рангирање Македонија е 103-та фудбалска земја во светот, во друштво со Сиера Леоне и Антигва и Барбуда и веќе осум месеци е под 100-та позиција.
Најголем напредок има Јамајка од 21 место и сега е 56-та, а Албанија и Мексико се подобри за 14 позиции и се најдоа на 22-ра и 26-та позиција. Холандија излезе од најдобрата десетка и со пад од седум места падна на 12-то место, а Србите клизнаа 23 места и се 66-ти.
На врвот и натаму е Аргентина, пред Белгија која сега е втора, а Германија трета. Потоа следуваат Колумбија, Бразил, Португалија, Романија, Англија, Велс и Чиле.
Од нашите противници во квалификациската група за ЕП 2016 Шпанија е 11-та, Словачка 14-та, Украина 30-та, Белорусија напредна четири места и е 96-та, а Луксембург е на 145 позиција.
Следното рангирање е на 3 септември пред квалификациските дуели против Луксембург и Шпанија кои ги играме на 5-ти и 8-ми септември.