Три клучни кола до крајот на европските квалификации. Од големите селекции, Холандија, Шпанија и Русија ризикуваат најмногу и би можеле да не завршат на првите две места во своите групи. На тој начин, пласманот би го барале преку баражот како третполасирани. Македонија гостува во Луксембург, како увертира за спектаклот со Шпанија на Филип Втори во Скопје.
ГРУПА А (денес)
По отказот на Хидинк, новата Холандија на селекторот Блинд и неговиот помошник Ван Бастен мора вечерва да победи на домашен терен против Исланд кој е прв во групата со 15 бода, 5 повеќе од Лалињата. Република Чешка е втора со 13 бодови и го пречекува Казахстан кој е убедливо последен. Холандија мора да гледа и зад себе, затоа што Турција има 8 бодови, во игра е за третото место и ја пречекува Летонија.
ГРУПА Б (денес)
Една од најголемите изненадувања е групата Б: Велс е прв со 14 бодови и ако го добие Кипар на гости со една нога веќе ќе биде на ЕП 2016 во Франција. Белгија со големите ѕвезди на преодниот рок Де Брујне и Бентеке има 11 бодови и ја пречекува Босна и Херцеговина која има 8 бодови и е трета. Овој дуел ќе биде и своевидно дерби на романистите, од една страна Џеко и Пјаниќ а од друга Наинголан. Израел има лесна задача против Андора на домашен терен.
ГРУПА Х (денес)
Италија има тренинг против Малта, а во групата Хрватска има незгодно гостување во Азербејџан од 18:00. Од 20:45 Бугарија игра со Норвешка, натпревар кој ќе го одлучува патникот во баражот.
ГРУПА Д (утре)
Утре се игра најголемото дерби на колото, Германија - Полска (14 и 13 бодови). Светските прваци се големи фаворити, но не треба да се заборави поразот на Панцирите од 2-0 во Варшава. Шкотска и Ирска (11 и 9 бода) се борат за третото место. Шкотите гостуваат во Грузија а Ирска на Гибралтар.
ГРУПА Ф (утре)
Дерби на истокот меѓу Унгарија (трета) со 11 бодови и Романија (прва) со 14 бодови. Северна Ирска е втора со 13 бода и би можела да профитира од дуелот на Унгарија и Романија, но само во случај да победи против Фарски Острови. Никаква амбиција немаат Грција и Финска кој ќе играат за да го избегнат последното место.
ГРУПА И (утре)
Лидерот Португалија одмора. Дуелот меѓу Данска и Албанија кои имаат по 10 бодови (Албанците со меч помалку), би можел да биде одлучувачки за пласманот. Србија (има -2 бода поради казна) и Ерменија ќе играат за честа.
ГРУПА Ц (сабота)
Групата во која игра Македонија е една од најнеизвесните. После поразот од Словачка во Жилина 2-1 минатиот октомври, Шпанците ќе мораат да победат за да ги стигнат Словаците на првото место со 18 бодови, но и да си оддалечат на Украина која е трета со 12 бодови. Украинците ја пречекуваат Белорусија. Нашата селекција му гостува на Луксемург од 18:00 часот.
ГРУПА Е (сабота)
Англија е на чекор од пласман. Ако избраниците на Хоџсон го победат Сан Марино и Словенија не победи против Швајцарија, Англичаните ќе го прослават пласманот преку Ла Манш на три кола пред крајот. Швајцарците се втори со 12 бодови и би требало да не загубат за да ја задржат разликата од 3 бода пред Иличиќ и компанија. Естонија и Литванија ќе играат балтичко дерби кое може да изненади во борбата за третото место ако Словенците загубат.
ГРУПА Г (сабота)
Австрија е неприкосновен лидер со 16 бодови и е на чекор од Франција. Ако ја победат Молдавија која е последна со два бода и Русија не победи дома против Шведска на Ибрахимовиќ, Австријците ќе се пласираат на ЕП. Русија со новиот селектор Слуцки (дојде место Капело) ризикува да остане без директен пласман. Имаат 8 бода и со победа би останале на -1 бод зад Шведска. Црна Гора и Лихтенштајн ја затвораат програмата во оваа група.