Потоа Нигерија, Доминикасна република, Белизе, Куба, Литванија, Аруба, Кипар, Бурунди, Свети Кристофер и Невис, Боцвана, Грузија, Зимбабве, Етиопија, Мозакбик, Либија, Азербејџан, Канада, Латвија, Оман, Малави, Бенин...Доста е?
Според најновото рангирање на ФИФА, Македонската фудбалска репрезентација падна на 132-то место, а тоа е најслабиот пласман во последните 21 година. Подолу сме биле само во 1994 година кога со 147-та позиција за прв пат сме се нашле на рангот на Светската куќа на фудбалот.
Падот од 28 позиции се должи на поразот од Луксембург, а потоа и од Шпанија од кои загубивме по 1:0 во квалификациите за ЕП 2016.
Од европските земји, во наше друштво се селекциите како Андора (205), Сан Марино (196), Малта (157), Лихтенштајн (156.), Казахстан (142) и Луксембург (142) и Молдавија со која го делиме 132-те место.
Од нашите противници во квалификациската група, Шпанија и Украина скокнаа по пет позиции и сега се на 6-то место и 24-то место. Словачка падна три позиции и е 18-та, а Белорусија е 98-ма.
Најголемиот пад во историјата Македонија го имаше лани во септември, но никогаш не се спушти волку доле. Најдобра е кога не игра.